18.8 C
Скопје
15:26 - 20 април, 2024

Овој наш хуман полицаец ѝ го разубави животот на девојченцето Маја и на нејзиното семејство (ФОТО)

Откако Јовица Кукуновски -Кукун, полицаец и сопственик на пицерија, го објави видеото и фотографиите од девојчето со попреченост Маја како прегледнето јаде пица, а со семејството живее во селото Мирковци во исклучително тешки економски услови, трогателното видео за брзо време достигна огромна гледаност на социјалната мрежа Фејсбук. Покрај бројните коментари, имаше и критика дека Кукун си прави реклама за пицеријата. Но, вистинскиот резултат беше што тој успеа да им го промени животот на Маја и на семејството, кои сега се згрижени во соодветна институција од страна на надлежните служби. Видеото може да го погледнете – ТУКА. 

Дополнително, видеото и постираните фотографии предизвикале и донации од луѓе со цел да се помогне на сиромашните во овој тежок период на коронавирусот.

-За Маја дознав случајно, кога газдата на автоелектричарскиот сервис „Саре“ дојде во мојата пицерија „Рибилимус“ и ми остави четири илјади денари, пари за да носиме оброци за секое сиромашно и загрозено семејство, за лица со хендикеп, за стари лица. Едноствано, да им се помогне во овие тешки моменти додека трае коронавирусот. И така, заедно со Јовица Терзиски, следниот ден со повеќе пици се упативме во селата низ Скопска Црна Гора. Какошто одевме од куќа до куќа, стасавме и кај Маја. Ѝ ја дадов пицата, а таа бргу ја отвори и уште побргу почна да ја јаде! Од глетката се запрепастив, збунето го извадив мобилниот и кратко ја снимив. Знам дека видеото е потресно, но ова видео „Вистината за Маја“ ја паси Маја и од социјалните грижи е сместена во соодветно место со топол оброк и кревет. Видеото предизвика бурни реакции, но едно ќе кажам, вистината боли!, ни рече Јовица Кукуновски.

Инаку, Јовица е познат по бројни хумани акции.

-Откако го изградив, заедно со жителите на село Глуво, манастирот „Св. Атанасиј Велики“ кај мене има преголема енергија и преку ден ја трошам на хуманитарни цели, а навечер го спроведувам полицискиот час со моите колеги. Сè е под контрола, а до граѓаните апелирам „седете дома!“, вели Јовица.

навечер на должност

Минатата година во селото Глуво кадешто е жител, Јовица Кукуновски иницираше да се постават големи букви во холивудски стил, Глуволенд. Повеќе за убавините на ова село може да прочитате – ТУКА, а во некои подобри времиња и да го посетите Глуво.

The post Овој наш хуман полицаец ѝ го разубави животот на девојченцето Маја и на нејзиното семејство (ФОТО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....