9.8 C
Скопје
03:32 - 6 мај, 2024

Општините не размислуваат да набават маски за граѓаните

Скопските општини не размислуваат да набават заштитни маски за своите жители, иако граѓаните се вознемирени и жестоко реагираат по социјалните мрежи затоа што во аптеките низ градот нема маски, а и доколку се најдат некаде, тие се со неприфатливо висока цена, па многумина не можат да си ги дозволат.

Во повеќето општини сметаат дека тоа треба да се реши на највисоко ниво, односно преку Министерството за здравство.

-Немаме разговарано ништо околу тоа, затоа што не е во ред парцијално да се решаваат тие работи, туку на ниво на општини или на државно ниво, со помош на Министерството за здравство. Значи генерално нема таква идеја во општината, што не значи дека ќе нема ни во иднина – велат од Општина Карпош.

И локалната власт на Кисела Вода не размислува во таа насока. Оттаму објаснуваат дека преземаат многу мерки за заштита на населението, се дезинфицираат градинките и училиштата, а преку мобилните тимови на Црвен крст им се помага на лицата со попреченост , на хронично болните и на повозрасните граѓани кои се во самоизолација.

-Ние набавуваме маски пред се за сите што се изложени на контакт со други лица. Моментално ги покриваме полициските станици на нашата територија, комунална хигиена и вработените на терен – вели градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Идеја за набавка на маски за граѓаните немале ни општинските власти на Ѓорче Петров, од каде објаснуваат дека дури и да сакаат не знаат од каде би обезбедиле толкави количини.

И во Општина Чаир ситуацијата е слична.

-Засега нема такво нешто, оставено е тоа да се решава на централно ниво. Сепак ние даваме финансиска помош на подрачниот Црвен крст за набавка на маски и средства за дезинфекција. Исто така преземаме многу други мерки за заштита на граѓаните од коронавирусот. Ги дезинфициравме верските објекти, вршиме дезинфекција на улиците и слично – вели портпаролот на Општина Чаир, Куштрим Ала.

Маските, ракавиците за една употреба и средствата за дезинфекција се дефицитарни во целата држава, иако тие се препорачуваат како една од мерките за самозаштита на граѓаните, особено при посета на маркети и други институции каде треба да се заврши некаква работа во затворен простор.

The post Општините не размислуваат да набават маски за граѓаните appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....