10.8 C
Скопје
04:36 - 4 мај, 2024

Нови размери на епидемијата: Регионот со рекорден број на заразени во последните 24 часа

Според денешните податоци за состојбата со ковид-19 во регионот се забележани рекорден број на заразени.

Во Македонија во изминатите 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на ковид-19. Во болнички услови починати се 3 лица. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19777, бројката на оздравени пациенти е 15855, на починати е 775, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3147.

Во Србија се регистрирани 151 новозаразени за последните 24 часа, а од нив најмногу се во Белград.

Во Црна Гора во последните 24 часа се тестирани 701 лице, а ккао што соопштија од Институтот за јавно задравје 210 се позитивни.

Во Словенија во претходните 24 часа се регистрирани 387 случаи на коронавирус, што е нов рекорд од почетокот на епидемијата во таа земја, а тестирани се 3.665 лица. Првпат стапката на позитивни случаи е повисока од 10 проценти, а во последните 24 часа почина едно лица, со што вкупниот број на починати порасна на 160. Во Словенија е забележен и рекорден број на хоспитализирани пациенти -131.

Во Хрватска се забележани рекорден број на случаи, дури 542, што е најмногу од почетокот на пандемијата, врз основа на 5.939 тестови. На болничко лекување се наоѓаат 361 пациент од кои 27 се на респиратори.

Во Косово во последните 24 часа не почина ниеден заразен од Ковид-19, така што бројката на жртви на епидемијата останува 638. Вчера се регистрирани 33 новозаразени и 46 излекувани, а од појавата на пандемијата коронавирусот е откриен вкупно кај 15.971 лице, од кои како излекувани се водат 14.189 случаи. Активни носители на вирусот моментно во Косово се 1.144 лица. Вчера се извршени 711, а од почетокот на пандемијата 73.287 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 436 нови случаи на Ковид-19, зголемен број во споредба со изминатите денови, со што вкупниот број заразени се зголеми на 21.381 лица. Во изминатото деноноќие од коронавирусот починаа уште шест лица, вкупно 430 од почетокот на епидемијата.

Во БиХ исто така се потврдени рекордни 453 случаи во еден ден, врз основа на 2.288 тестови. Од тој број во Федерацијата БиХ се потврдени 296, а во Република Српска 155 позитивни случаи.

Во Албанија од тестраните 971 сомнителен случај, опасниот вирус е дијагностициран кај 169 што е за сеум случаи повеќе споредено со вчера кога беше забележан највисок број на заразени во едно деноноќие од почетокот на пандемијата.

-Со последно дијагностицираните вкупниот број изнесува 14.899 заразени. Во изминатите 24 часа во списокот на оздравени се впишани 100 лица или 9.215,додека починаа четири лица односно 411 до сега. И понатаму голем е бројот на лицата на кои им е неопходно болничко лекување.Така, од 5.273 активни 228 се хоспитализирани во двете ковид болници во Тирана, соопшти Министертвото за здравство и социјална заштита.

Во Унгарија бројот на заболени во последните 24 часа изнесува 932, додека се починати 21 лице, што се најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.

 

The post Нови размери на епидемијата: Регионот со рекорден број на заразени во последните 24 часа appeared first on Слободен печат.


Нови размери на епидемијата: Регионот со рекорден број на заразени во последните 24 часа was first posted on октомври 8, 2020 at 7:32 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....