12.8 C
Скопје
14:40 - 25 април, 2024

Нови правила за влез во Грција преку Промахонас, дозволени и директни летови од Велика Британија

За туристите од земјите за кои е дозволено патување во Грција, а кои од граничниот премин Промахонас (Кулата) планираат да влезат кај јужниот сосед, од денеска важат нови правила, односно задолжителна е потврда на англиски јазик за негативен тест за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако во изминатиот период беше зголемен бројот на позитивни „увезени” случаи, особено од конкретниот граничен премин со Бугарија, што воедно е и единствениот отворен за туристи, грчката Влада, во петокот донесе одлука за воведување дополнителни мерки.

Туристите, ќе треба во период од 72 часа пред патувањето да имаат направено молекуларен тест PCR во државна или приватна лабораторија, сертифицирана од надлежната служба на земјата, а резултатот да биде негативен.

Во потврдата на англиски јазик, треба да бидат вклучени име и презиме, број на пасош или лична карта.

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, на редовниот брифинг со новинарите во понеделникот истакна дека потврдите детално ќе се проверуваат, а во случај на „неавтентичен, фалсификуван документ ќе се воведат предвидените санкции”.

Сите туристи, независно од начинот на кој пристигнуваат во Грција, потребно е да го имаат пополнето и специјалниот образец PLF (Passenger Locator Form), преку интернет страницата https://travel.gov.gr, најдоцна претходниот ден пред патувањето, а не во период од 48 часа како што важеше претходно.

Паралелно, од денеска, стапува во сила уште една одлука на официјална Атина – дозволени се директните летови од Велика Британија кон Грција.

Пецас во понеделникот објасни дека во периодот од 1 до 11 јули на влезните точки во земјата биле направени 67.797 тестови, од кои 218 (0,35 отсто) биле позитивни, но бројот на туристи заразени со Ковид-19 бил четири пати поголем на Промахонас,отколку на пример, на атинскиот аеродром.

Националната организација за јавно здравје на Грција вчера соопшти за 58 нови случаи на Ковид-19, од кои 28 се по направените тестови на влезните точки во земјата, додека, пак, уште шест позитивни случаи се кај туристи, но кои доброволно се тестирале за време на нивниот престој во земјата.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани вкупно 3.883 случаи на Ковид-19.

 

The post Нови правила за влез во Грција преку Промахонас, дозволени и директни летови од Велика Британија appeared first on Слободен печат.


Нови правила за влез во Грција преку Промахонас, дозволени и директни летови од Велика Британија was first posted on јули 15, 2020 at 7:50 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....