13.8 C
Скопје
11:34 - 4 мај, 2024

Немири и пукање во Киргистан: Армијата пристигна во Бишкек (ВИДЕО)

 Киргистанската армија денеска донесе воена опрема во Бишкек, главниот град на Киргистан.

Колони воени камиони со зелени униформи се забележани во главниот град на Киргистан, во јужните и западните делови на Бишкек, во кој живеат околу милион жители.

Претседателот на Киргистан, Соронбај Женбеков претходно прогласи вонредна состојба во главниот град Бишкек и нареди распоредување на армијата.

Во наредбата не е прецизирано колку војници ќе бидат распоредени во главниот град, но дадени им се инструкции да користат воени возила и да постават контролни пунктови.

Со указот за вонредна состојба се предвидува полициски час кој ќе започне вечерва во 20:00 часот и ќе трае до 08:00 часот, до 21 октомври.

Претходно Женбеков рече дека е подготвен да поднесе оставка кога ќе се формира нова влада, со цел да се стави крај на немирите што избувнаа откако приврзаниците на опозицијата ги окупираа владините згради во вторникот, по објавувањето на резултатите од парламентарните избори.

Женбеков ги повика сите политички сили во земјата да го зачуваат мирот и да престанат поделбите во општеството.

Според извештаите на некои медиуми, врз возилото на поранешниот претседател Атамбаев било пукано, што се гледа и на видео снимките:

The post Немири и пукање во Киргистан: Армијата пристигна во Бишкек (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Немири и пукање во Киргистан: Армијата пристигна во Бишкек (ВИДЕО) was first posted on октомври 9, 2020 at 4:27 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....