23.9 C
Скопје
08:38 - 10 јули, 2026

Научниците тестираат нова револуционерна алатка за борба со ракот

Американските научници првпат успеаја, без да предизвикаат нуспојава, генетски да го изменат имунолошкиот систем на тројца пациенти заболени од рак со помош ЦРИСПР, нова алатка што воведува револуција во биомедицински истражувања.

Резултатите од првата фаза на клиничкото истражување објавени се во списанието „Сајенс“ (Science). Тоа е нов чекор, што не докажува дека ЦРИСПР (низите ДНК) можат да се користат во борбата против ракот.

Во меѓувреме еден од пациентите почина, а кај двајца е влошена здравствената состојба, но истражувањето покажа дека техниката не е штетна.

Научниците од Универзитетот Пенсилванија ги издвоија Т-клетките од крвта на пациентите и со помош на ЦРИСПР го отстранија генот од клетките што би можел да му попречи на способноста на имунолошкиот систем кој се бори против ракот. Потоа со помош на вирус ги вооружија Т-клетките за напад на белковините вообичаени за клетките на ракот (познати како NY-ESO-1) и потоа клетките ги вратија во пациентот. Но, досега не постигнаа големи клинички резултати.

– Лекувањето со Т-клетките што ги користи имунолошкиот систем на пациентот за уништување на ракот претставува пресврт во последната деценија. Но, голем број пациенти не реагираат на таа технологија – изјави шефот на истражувачкиот тим Едвард Стадрмауер.

Тој додаде дека важноста на студијата е што успешно е спроведен многу комплицирана постапка.

The post Научниците тестираат нова револуционерна алатка за борба со ракот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....