19.8 C
Скопје
12:52 - 27 април, 2024

Најдолговечната британска владетелка утре полни 94 години: Како Елизабета стана кралица на Британија? (ФОТО)

Кралицата Елизабета Втора денес го слави 94-тиот роденден. Родена е како трета во низата за наследство на тронот. Нејзиниот харизматичен чичко, Едвард Осми, обожаван од народот во Британија, станува крал по смртта на неговиот татко, но се откажал од престолот поради љубовта кон Американката Волис Симпсон.

Profimedia

Бидејќи нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести и мајка и Елизабета немале други деца освен Елизабета  и нејзината помала сестра Маргарет, позицијата на британскиот монарх ѝ била загарантирана.

Profimedia

Елизабета уште од мала била една од омилените личности во Британија. Од милост дома ја викале Лилибет, а и неа и сестра ѝ ги огледува гувернантата, која подоцна открила дека Елизабета била посебно дете, уредно, педантно и со големо чувство за одговорност.

Profimedia

Крунисувањето на 26-годишната Елизабета важи за едно од најпопуларните кралски случувања во 20-от век, а нејзиното качување на престолот донесе нова енергија во банкротираната и воено исцрпена Британија.

За популарноста говори и фактот дека повеќе од 100 милиони луѓе го слушале преносот на радио, а 27 милиони го следеле на телевизија, односно каналот „Би-Би-Си“.

profimedia

Бракот со Филип

Уште во 2017 година, кралицата Елизабета II и принцот Филип славеа 70 години брак. Тоа е најдолгиот брак во историјата на кралските семејства.

Елизабета за првпат го запознала Филип во далечната 1934 година: осумгодишната Елизабета присуствувала на венчавката на братучедот на Филип, каде и го запознала принцот Филип кој бил пет години постар од неа. После пет години, непосредно пред Втората светска војна, Елизабета повторно го сретнала осумнаесетгодишниот Филип и веднаш се заљубила во него.

Profimedia

Елизабета тогаш имала само тринаесет години, но не можела да престане да мисли на него. За време на Втората светска војна, Филип служел како офицер во Кралската морнарица, а парот во тој момент уште повеќе се вљубил и меѓусебно си разменувале писма.

Во 1946 година Филип се вратил од фронтот и ја запросил Елизабета, која била многу среќна и се согласила на венчавка. Меѓутоа, парот морал да ја чува веридбата во тајност до роденденот на Елизабета. Тие официјално ја објавиле веридбата на 9 јули 1947 година, а се венчале на 20 ноември истата година.

Profimedia

За да се ожени со Елизабета, Филип морал многу да жртвува. Прво се откажал од своите титули. Потоа се откажал и од своето германско потекло и станал британски државјанин. На ниту еден член од неговото семејство, вклучувајќи ги и неговите три сестри, не им било дозволено да присуствуваат на свадбата. Утрото пред свадбата Филип одлучил да престане со пушење, затоа што знаел дека Елизабета ја презира таа навика.

Profimedia

Дека нејзиниот сопруг е нејзина најголема поддршка, признала и самата кралица за време на својот говор на денот на „златната свадба“ во 1977 година:
„Тој е некој кој не прифаќа лесно комплименти. Едноставно, тој беше и остана моја сила сите овие години.”

4. Имаат заеднички интереси

Тие сакаат исти работи: диви животни, излети, возење автомобили, јавање коњи. Времето го поминуваат уживајќи заедно.

Profimedia

Познато е дека принцот Филип на својата сопруга ѝ дал необичен прекар – „кобасица“. Поточно кралицата нема природно насмеано лице и на забавите често изгледала мрачно. За време на еден од формалните приеми во Сиднеј, Филип ѝ шепнал на својата сопруга „Не гледај така тажно наоколу, кобасице“. Се разбира, ова ја насмеало кралицата.

Во Англија, високата класа отсекогаш имала одвоени спални соби, а не е исклучок ни кралицата. Во 1949 година двојката се преселила во куќа во близина на палатата, и таму секој од нив имал своја посебна спална соба.

„Не сакате да се мачите со рчење или некој да ви го земе ќебето. А сепак, ако се чувствувате пријатно, делете ја својата соба. Убаво е кога сте во можност да бирате“, објасни еднаш леди Памела Хикс, роднина на принцот Филип.

Без оглед колку време поминуваат одделени еден од друг, кралицата и принцот Филип никогаш не престануваат да комуницираат. На пример, откако избувна Втората светска војна, принцот Филип служел во британската кралска морнарица и често си пишувале еден на друг.

Profimedia

Како што рекол принцот за време на здравицата по повод прославата за 50-годишнината од бракот:
„Главната лекција што ја научивме е дека толеранцијата е една од важните состојки на секој среќен брак. Тоа можеби не е така важно кога работите се добри, но апсолутно е од витална важност кога ќе се појават тешкотии“.

Меѓу своите лични работи, кралицата дефинитивно го фаворизира својот брош, кој ѝ го подарил нејзиниот сопруг во 1966 година. Многу често го носи, дури и за време на првата божиќна порака на телевизија. Со тоа, кралицата Елизабета тивко му оддава чест на својот сопруг, принцот Филип.

Досега кралицата Елизабета и принцот Филип поминале заедно 73 години. Дури и по толку долго време, двајцата мислат дека нивниот избор бил вистинскиот.

Кралицата уште во далечната 1972 година рекла: „Ако ме прашаат што мислам за семејниот живот по 25 години брак, можам да одговорам со еднаква едноставност и убедување, јас сум за тоа“.

Profimedia

 

 

 

The post Најдолговечната британска владетелка утре полни 94 години: Како Елизабета стана кралица на Британија? (ФОТО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....