21.8 C
Скопје
13:43 - 27 април, 2024

Може ли ДУИ да извиси!

ДУИ е партија што е најмногу на власт во Македонија. Според тоа или е најзаслужна, ако Македонија ја сметаме за успешна држава, или е највиновна за сите неуспеси, промашувања, и кризи низ кои поминува во изминативе две децении. Сите други се менуваа, се трансформираа, се делеа и обединуваа, доаѓаа и си одеа од власта, само ДУИ стана неизбежна македонска владеачка константа. Секој кој сакаше да формира Влада, мораше да помине низ ситото на услови кои ќе ги испорачаше ДУИ.

ДУИ на некој начин стана наша политичка судбина.

Можеби само заради овој факт на скоро 18 годишно владеење е доволно еднаш да си земат некое време неплатен одмор, да оди во опозиција, колку партијата да се проветри од внатре, а и од надвор. Под внатре се подразбира проверка на верноста на партиското членство кое можеби својот партиски патриотизам солидно си го продавал заради бенефитот што го носат позициите на власта. Однадвор пак можеби е време да си ја ревидираат идеолошката матрица со која ќе ја засилат или вратат довербата на гласачите.

Оваа партија на Албанците во Македонија несомнено е значаен политички фактор кој без разлика дали е на власт или пак ќе биде во опозиција ќе има влијание во вкупниот политички живот на земјата. Но последните маневри кои ги прави оваа партија покажуваат дека времето како да на ја надминало, па прави вратоломии од кои е неизвесно како ќе приземји.

Предолго практицираната власт со ВМРО ДПМНЕ со која ги удрија темелите на „заробена држава“ и расцеп на општественото ткиво по етничка основа, не може да ја врати на нормален колосек на партиципирање во власта со новиот партнер, затоа што тој, но и плурализмот на албнски партии и ги избиваат од рака главните адути на единствен „заштитник“ на правата на Албанците во Македонија.
Таа нејзина приграбена улога сега и ја преземаат и СДСМ која и кадровски и програмски и конкурира, но и виталноста на Алијансата на Албанците, на Беса, на Алтернатива па и на ДПА кои и ја пореметуваат комотноста што ја имаше досега.

Оттаму ДУИ сега неразумно, од една страна ги комплицира односите со СДСМ низ блокирачки однос на законите во Парламентот, давајќи им помирувачки сигнали на старите партнери од власта. Од друга страна се обидуваат да одиграат улога на обединител на партиите на Албанците повиквајќи ги на коалиција со која ќе се спаселе интерсите на Албанците.

Но од досегашните нивни реакции, се чини дека се прочитани во намерата да си ја спасат главата со веќе видениот дискурс за „сите Албанци во едно“ при што тие повторно би биле „патер фамилијас“ во таа дружба.

Кокетирањето со СИТЕ на политичката сцена ја претвораат во несигурен играч на кого не можат да му веруваат идните, потенцијални партнери, па нема да биде чудо да бидат исфрлени од номинацијата за стабилен сопатник во политичката битка и конечно како партнер во власта.

Се разбира конечниот збор ќе го имаат резултатите од претстојните избори, кои ја оставаат можноста за „секој со секого“ потоа, што ја потврдува старата вистина дека политиката е к**ва и промискуитетот е неодминлив.

Но и во сексот некогаш има непишани правила, па ако си многу ербап можеш да останеш „без ништо“.

The post Може ли ДУИ да извиси! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....