12.8 C
Скопје
11:04 - 4 мај, 2024

Морбидни слики од Еквадор: Трупови оставени на улица во картонски кутии (ФОТО)

Еквадор ја губи битката со коронавирусот. Морбидни слики доаѓаат од оваа земја – починати од оваа болест ги ставаат во картонски кутии, а медицинскиот персонал се соочува со недостиг на кревети, респиратори и заштитна опрема.

Докторите од градот Гвајакил, кој се наоѓа на околу 418 километри од престолнината на Еквадор, Кито, ја молат меѓународната заедница да им помогне, зошто 70 отсто од вкупниот број на случаи со коронавирус доаѓаат токму од тој град.

Фото: Profimedia

Телата се трупаат на улица, мртовечниците во градот се пренатрупани, а гробиштата полека остануваат без простор со оглед на големиот број смртни случаи. Според последните податоци, 4.450 лица се заразени од оваа болест, додека 242 лица починале.

– Немаме доволно лекови и опрема, било да се во прашање државни или приватни установи. Во болниците немаме доволно кревети и респиратори, кои се неопходни за спасување на животите. Поради недостигот лекари мора да прават невозможни избори. Со голема тага морам да кажам дека во многу случаи чекаме еден пациент, за друго лице да го заземе тој кревет и респиратор – рече еден лекар кој сакаше да остане анонимен.

Борбата против коронавирусот силно ги погоди и медицинските работници, кои буквално ги ризикуваат животите додека се грижат за инфицираните пациенти иако немаат адекватна заштитна опрема. Според последните податоци, седум медицински сестри починаа од коронавирус, додека 147 се заразени.

Фото: Profimedia

– Овие бројки не се точни. Повеќе од 40 медицинари починаа во текот на пандемијата – и доктори и медицински сестри. Вистинските податоци ги кријат од јавноста. Многу е важно да се разбере дека медицинскиот персонал не може да работи во вакви услови – истакна анонимниот лекар и додаде дека недостигот од опреме е толку очигледен што една болница поради тоа е затворена.

Тој предупреди дека, ако се продолжи вака нема надеж и истакна дека всушност работите ќе бидат полоши кога телата ќе почнат да се распаѓаат на улица.

The post Морбидни слики од Еквадор: Трупови оставени на улица во картонски кутии (ФОТО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....