12.8 C
Скопје
08:13 - 29 април, 2024

Креаторката Кокев за Атиџе: Таквите жени не се трансформираат, може ние да се трансформираме учејќи од неа

Тања Кокев, познатата македонска модна креаторка која ќе ги создаде креациите за екипата на „Медена земја“ за доделувањето на Оскарите, на својот Фејсбук-профил се заблагодари за поддршката и соработката со тимот, посебно со Атиџе.

– Ви благодариме на сите за поддршката и убавите зборови за соработката со тимот на „Honeyland“, посебно со Атиџе. Многу често во вашите пораки споменавте дека едвај чекате да ја видите нејзината трансформација – напиша Кокев.

Додаде дека Атиџе е жена-прекрасница, и дека нема потреба за нејзина трансформација.

– Атиџе е жена прекрасница, една во милион. Таквите жени не се трансформираат, може ние да се трансформираме учејќи од неа. Ние не сме тие кои треба на таа скромност да и кажуваме како да прошета на Оскарите. Таа си ја знаеше бојата уште пред да и го отвориме каталогот. Секако дека ќе го испочитуваме дрес кодот на домаќините, Оскарите и ќе ја стокмиме во свечено руво, но нема да ја трансформираме бидејќи не гледаме потреба за такво нешто. Ќе ја испратиме на Оскари скромна, убава, дотерана онака како таа ќе се чуствува најпријатно. Само во една средба таа ми кажа 10 мудрости, јас тука не можам и не сакам ниту да додадам ниту да одземам нешто – вели Кокев.

🐝❤️🐝Ви благодариме на сите за поддршката и убавите зборови за соработката со тимот на Honeyland, посебно со Атиџе….

Publiée par Tanja Kokev sur Vendredi 24 janvier 2020

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

The post Креаторката Кокев за Атиџе: Таквите жени не се трансформираат, може ние да се трансформираме учејќи од неа appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....