26.6 C
Скопје
19:05 - 8 јули, 2026

Коронавирусот остава последици, на опоравените пациенти капацитетот на белите дробови е намален и за 30 отсто

Пациентите кои се опоравиле од коронавирусот можат да имаат значително намалена функција на белите дробови. Бројни од нив ќе се задишат додека одат или додека се качуваат на скали, пишува BussinesInsider.

Болница во Хонг Конг направила истражување анализирајќи над десетина лица кои се пуштени дома после лечење од Ковид-19. Од десет, тројца кои го преболеле вирусот, не биле во состојба да ги прават истите работи кои со леснотија ги правеле пред болеста. Ако само малку го забрзале темпото на одење, дишењето станувало отежнато, изјавил директорот на Инфективниот центар во Хонг Конг, доктор Овен Тсанг Так-јин.

Некои од пациентите, според негова процена, имаат редуцирана функција на белите дробови за околу 20 до 30 отсто. Кај девет од десет излечени пациенти пронајдени се длабински оштетувања на дишните органи.

Доктор Тсанг изјавил дека капацитетот на белите дробови во иднина може да се зајакне со физиотерапија. Им препорачал на излечените пациенти за почеток да прават кардиоваскуларни вежби за белите дробови постепено да се опоравуваат, сугерирајќи им го пливањето како најкорисно.

Докторите од Хонг Конг сметаат дека долгорочното влијание на коронавриусот на опоравените пациенти допрва треба да се испитува.

The post Коронавирусот остава последици, на опоравените пациенти капацитетот на белите дробови е намален и за 30 отсто appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....