2.8 C
Скопје
17:08 - 22 декември, 2024

Корона пандемијата ќе предизвика Трета светска војна, алармира првиот човек на британските вооружени сили, кои региони се во опасност?

Кога предупредување од апокалиптични размери ќе дојде од вообичаено смирените британци, тогаш светот има за што да биде загрижен. Таква порака дојде од шефот на вооружените сили на Обединетото Кралство Ник Картер кој вели дека глобалните немири и превирања предизвикани од пандемијата на САРС – КОВ2 го зголемуваат ризикот низата на вооружени конфликти кои сега постојат да прераснат во нова светска војна.

Началникот на британскиот Генералштаб објаснува дека како расте бројот на заразени и починати од КОВИД-19 на глобално ниво, проследено со економската  криза како последица од пандемијата така се зголемува ризикот низата спорови да излезат од контрола.

Според Картер сега живееме во време кога светот е многу неизвесен и немирен.

„Ризикот сега е дали со низата на регионални конфликти кои се случуваат во моментот, може да се забележи дека состојбата може да ескалира, и за тоа треба да водиме сметка” – рече Картер.

Генерал Ник Картер/ Фото: Screenshot

Можеби овие размислувања на првиот човек на британската армија на некого ќе му звучат и претерани но доколку погледнеме наназад во историјата ќе видиме дека процесите се циклични. Само треба да се види состојбата во 20 век пред двете светски војни и ќе видиме што значи кога работите ќе излезат од контрола. Една акција носи друга реакција, и така понатаму дека не се дојде до точка од која нема враќање. Проблемот е што доколку превенцијата не успее, процесите се неповратни, цената на човечките животи и разурнувањата не може да се пресмета, а со оглед на денешното постоење на нуклеарно оружје за разлика од втората светска војна, трет глобален вооружен конфликт може да биде и последен.

Денеска состојбата е уште поспецифична со беснеењето на Корона пандемијата која предизвикува низа на економски проблеми на нациите ширум светот, кои произлегуваат од мерките со кои СЗО се бори против короната. Ширењето на вирусот има и политичка димензија, бидејќи САД директно ја обвинуваат Кина дека е одговорна за ширењето на вирусот, што предизвикува уште една точка на триење меѓу двете суперсили кои немаат многу добри односи.

САД и Кина се во спор околу постоењето на Тајван, територијата околу Јужното кинеско море, кинеската економско – политичка експанзија во светот, обвинувањата за индустриска шпионажа од страна на Кина и крадење на западните технологии. Економската депресија која се појавува со пандемијата се чини како уште еден катализатор за воен судир, нешто што сме го виделе веќе и во првата и во втората светска војна.

Карантините, полициските часови, губењето на работните места се дел од факторите кои предизвикуваат немири на речиси сите континенти, и речиси нема земја во која незадоволството не е на раб на експлозија.

Додатно во САД веќе цела година траат немири и демонстрации предизвикани од разни и политички побуди, промената на власта во белата куќа и доаѓањето на Џо Бајден на местото на Трамп можеби ќе го смири општиот наратив, но сигурно нема да ги смири радикалните присталици на Трамп, кои патем се и добро вооружени и не се срамат тоа да го покажат.

Одбивањето на Трамп да ги признае изборите може да биде чкорче кое ќе го запали пламенот, а било каква ескалација на состојбата во САД сигурно ќе предизвика домино ефект и врз светот. Во светот инаку во моментов има повеќе активни конфликти во кои директно или индиректно се вклучени и светските суперсили, на Блискиот исток продолжуваат војните во Сирија, Либија и Јемен, Ирак и Авганистан не се смируваат, а последната војна помеѓу Азербејџан и Ерменија е уште еден тест за стрпливоста на Москва и Турција кои стојат зад своите интереси во конфликтот.

Британскиот генерал сигурно има и повеќе информации од јавно достапните за да даде такво драматично предупредување, и затоа треба да се верува на зборовите на Ник Картер, а ние обичните смтници да се надеваме дека неговите зборови внимателно ќе ги прочитаат и првите луѓе на најголемите светски држави, и ќе направат се што можат тие прогнози да не се остварат.

Преземено од Слободен печат

The post Корона пандемијата ќе предизвика Трета светска војна, алармира првиот човек на британските вооружени сили, кои региони се во опасност? appeared first on Слободен печат.


Корона пандемијата ќе предизвика Трета светска војна, алармира првиот човек на британските вооружени сили, кои региони се во опасност? was first posted on ноември 9, 2020 at 1:30 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....