14.8 C
Скопје
21:06 - 28 април, 2024

Трамп нема намера да ја предаде власта

Доналд Трамп имаше обраќање од Белата куќа / 4 ноември 2020 / Вашингтон ДС, САД / Фотоо: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Претседателот на САД Доналд Трамп се соочува со притисок да соработува со тимот на новоизбраниот претседател Џо Бајден за да се направи што е можно полесно предавање на власта во јануари, пренесуваат американските медиуми.

Општата служба на администрацијата на Трамп има за задача официјално да го признае Бајден за претседател, со што би започнал трансферот на власта.

Сепак, членот на администрацијата на Трамп, Емили Марфи, сè уште не го почнала процесот на транзиција на власта, ниту добила насоки дали и кога да го стори тоа.

Неизвесноста околу трансферот на власта зависи од тоа дали Трамп, кој јавно не го призна Бајден за 46-ти претседател на Соединетите Американски Држави, со тврдење дека изборите се украдени, ќе ги попречи демократите во формирањето на владата и натаму трае.

Одборот на непартискиот Центар за претседателска транзиција, исто така, апелираше до администрацијата на Трамп да започне со пренесување на власта на Бајден и неговиот тим што е можно поскоро.

Но, од таборот на Трамп цврсто стојат на ставот дека на изборите на претседател влијаеле нелегалните гласови, кои се пребројани во повеќе сојузни држави. Адвокатот на претседателот, Руди Џулијани, објасни дека се подготвува серија на жалби пред локалните судови во спорните избирачки места и дека претседателот би згрешил доколку ја признае победата на Бајден.

– Постојат силни докази за изборна измама во најмалку три од четирите решавачки држави, како и посредни докази дека нешто сомнително се случувало и во уште десет држави – изјави Џулијани.

Во наредните неколку денови ќе биде познато дали жалбите на Трамп ќе бидат прифатени од судовите. Тој би можел да поведе процес и пред Врховниот суд, каде што според аналитичарите има големи шанси за успех, бидејќи ужива поддршка од мнозинството судии.

Трамп врти плоча која ни е добро позната на Балканот: Мртви луѓе гласаа!

The post Трамп нема намера да ја предаде власта appeared first on Слободен печат.


Трамп нема намера да ја предаде власта was first posted on ноември 9, 2020 at 11:31 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....