Ова се најпопуларните патики на сите времиња: Култните обувки кои се појавија дури 648 пати на филмското платно

Познатите личности, како Курт Кобејн и Елвис Присли, редовно ги носеа овие патики… Овие патики беа заштите знак на многубројни супкултури и обележје на разновидните трендови. Беа многу популарни во втората половина на 20-от век, а и денес многумина ги носат.

Станува збор, нормално за старките.

Приказната за овие славни патики датира од 1908-та година кога Маркис Милс започнал да произведува обувки, кои, за разлика од останатите во тој период, содржеле голем процент на гума. Тогаш биле направени патиките со многу едноставен дизајн од платно и гума, истите кои ги знаеме и денес.

Можеме слободно да кажеме дека старките и кошарката се развиваа истовремено и добија голема популарност. Во тој ист период старките ги носеле речиси сите познати кошаркари. Американскиот кошаркарски тим на Олимписките игро носеше бели старки со црвени и сини елементи, како боите на нивото знаме. Овој модел на старки стана симбол на патриотизам во Америка за време на Втората светска војна.

По војната, црните и бели старки станаа заштитен знак на сите професионални кошаркари. Парот старки стана „must have“ за сите средношколци и студенти кои кошарката ја сфаќаа сериозно.

Откако веќе го освои светот, во 1957-та година „Converse“ ги претстави оксфордките, односно плитките старки. Овој тип на патики стана достапен во разни бои, со што доби огромна популарност меѓу пошироката популација и за сите оние кои преферираа поопуштен стил.

Старките продолжија да доминираат и во текот на шеесетите години од дваесетиот век. Поради својот едноставен дизајн тие станаа омилени меѓу многу големи имиња од музичката индустрија, особено меѓу панкерите. Незаобиколив моден детал на групите како што се „The Ramones” и „The Sex Pistols”, а во деведесетите и „Nirvana“.

Покрај тоа што ги носеа многу познати личности, како Елвис Присли, Џорџ Харисон, Курт Кобејн, старките се појавија дури 648 пати на филмското платно. Еден од првите филмови каде старките се многу присутни е и Брилијантин (The Grease).

Богатата историја не брендот, нивното значење во разни супкултури, вонвременската популарност меѓу познатите личости, крајно едноставниот дизајн, специфичната индивидуалност, сето тоа се атрибути поради кои старките станаа култни.

Се чини дека поради својот универзален, а сепак уникатен, богат, а така едноставен, долготраен и секогаш модерен идентитет старките ќе живеат вечно.

Дали и вие сакате да носите старки? Споделете со нас во коментарите….

Слични објави

Сузана Гавазова како Карди Би! Прво идат градите, па после таа… (ВИДЕО)

Igor

СИТЕ ДАМИ ОД СЕМЕЈСТВОТО ВЕРГАРА: Толку личат една на друга, а нивниот живот е бележан со голема трагедија (ФОТО)

Igor

Наташа Беквалац на „ремонт“: Пејачката си стави поцврсти гради (ФОТО)

Igor

Му го скршила срцето, а не стигнал да ја испрати на вечното почивалиште: Тома ѝ испратил букет бели рози и ја напишал најтажната песна! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Осмо светско чудо: Црква во Етиопија која се наоѓа под земјата! (ФОТО)

Еспресо

Џон Траволта наплаќа за своите автограми и „селфи“ слики!

Igor

Остави Коментар

тринаесет − два =

Слични објави

Никој не го забележа деталот на фустанот: Сите гледаат во голите гради на Едита (ФОТО)

Васко Спасоски

ХИТ-ФОТО: Елиф Елмас прави селфи пред авион, а тренерот на голманите Гого Јовчев се моли (ФОТО)

Igor

НОВА ФРИЗУРА – Карлеуша никогаш не изгледала поубаво (ФОТО)

Еспресо

Дарко Рундек обработи свој голем хит и на обожавателите им испрати важна порака за коронавирусот! (ВИДЕО)

Еспресо

Ова е новата девојка на Лиам Хемсфорт

Igor

Мишел Фајфер покрај глумата има уште еден талент: Познатата актерка ја воодушеви јавноста! (ФОТО)

Еспресо
MacedonianAlbanianBulgarian