7.8 C
Скопје
11:18 - 23 ноември, 2024

Ќе има ли лидерска средба? Освен за избори, партиите треба да изградат и консензус за европските прашања

Наредните два дена се очекува Европската комисија да ја финализира првата нацрт-верзија на преговарачката рамка за Македонија која ќе биде доставена на разгледување до земјите членки. Првичната верзија на преговарачката рамка ќе биде проследена и со мини извештај. Поради тоа, вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, вчера повика на државен консензус за инклузивна постапка со вклученост на сите политички субјекти по однос на европската интеграција на земјата. Османи сака на првата меѓувладина конференција да излезе со јасен став за позициите на државата.

– Постојат прашања за кои мора да се иницира дебата и да се постигне државен консензус со цел подготвени да ја дочекаме меѓувладината конференција – рече Османи.

Според него, до крајот на месецот, односно до крајот на хрватското претседателство, се очекува да се објави верзија која ќе ги вклучи првичните ставови, потоа следи усогласување кое за другите земји траело 2-3 месеци, што би било во рамки на германското претседавање.

– Тоа е стандардна процедура која ја поминале сите земји членки, но тоа што е важно за нас е дека означува нов исчекор, ново скалило кон првата меѓувладина конференција – рече Османи.

Од партиите се уште нема никаков абер за евентуална нова лидерска средба. Досега вакви средби се одржуваа со цел партиските лидери да ги усогласат ставовите за датумот за одржување на избори. Додека од власта посочуваат дека избори мора да има на 5 јули со цел државата да добие функционални институции кои ќе се справат со коронакризата, од опозицијата посочуваат дека не е време за избори и дека здравјето на граѓаните е на прво место. Јазот по ова прашање меѓу власта и опозицијата се продлабочи последнава недела откако на дневно ниво во земјава почнаа да се јавуваат повеќе од 100 заболени од коронавирус.

В сабота истекува и третата по ред вонредна состојба, за што Советот за безбедност ќе разгледува дали таа да биде продолжена, а од неговата препорака и од одлуката на шефот на државата, Стево Пендаровски, ќе зависи дали ќе има избори во јули.

Ќе има ли лидерска средба?

Претседателот Пендаровски, во пресрет на преговорите со Европската Унија подготвен е да свика лидерска средба, но само доколку има согласност од партиите, велат извори во кабинетот на претседателот.

„Во однос на прашањата кои се од стратешка важност за државата, како на внатрешен така и на надаворешен план, претседателот е подготвен да свика лидерска средба доколку за тие прашања има согласност од политичките партии. Но, во овој период главниот фокус е ставен на справување со кризата предивикана од пандемијта на ковид-19 и утврдување на термин за предвремените парламетнарни избори“, велат извори во кабинетот на претседателот Пендаровски.

Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов за Слободен печат вели дека досегашните партиски ставови во однос на европската перспектива на Македонија се веќе познати и за нив Собранието многупати досега се произнело преку резолуции и слични документи. Ако намерата е да се утврдат веќе постоечките ствови на Македонија кон ЕУ тогаш е добро да се сретнат, но нови работи и изненадувања во однос на европското членство во моментов не ни трбаат.

– Сметам политички дека до сега веќе се усогласени ставовите по однос на нашето членство во ЕУ. Нема отворени прашања. Но, мислам дека не би било проблем и да се сретнат ако ништо друго барем да си ги повторат задачите, да знаат на што се. Во меѓувреме некои луѓе како да заборавија кои се основните приритети во однос на надворешната политика. Веќе добивме и зелено светло од Унијата. Специјална средба на тема државен консензус во пресрет на членството во ЕУ, можеби би дала и некаков сигнал дека во Македонија нешто не е јасно – вели Филипов.

Според прогнозите на македонските и европсктие дипломати, првата Меѓувладина конференција со Македонија и Албанија би можела да се одржи оваа есен. Се очекува документот да не се разликува од рамката, која била изготвена за другите земји во регионот, освен што во неа ќе биде интегрирана новата методологија, која беше усвоена од Европскиот совет.

The post Ќе има ли лидерска средба? Освен за избори, партиите треба да изградат и консензус за европските прашања appeared first on Слободен печат.


Ќе има ли лидерска средба? Освен за избори, партиите треба да изградат и консензус за европските прашања was first posted on јуни 9, 2020 at 12:35 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....