19:54 - 7 ноември, 2026

„Немој повеќе да си ми побарал пари“ – Како Саша Поповиќ му го прости долгот од 68.000 марки на познатиот композитор

Познатиот композитор Горан Ратковиќ Рале, кој успешно закрепнува по тешката операција на срцето, своевремено откри неверојатен детал од својот однос со Саша Поповиќ и моментот кога за малку ќе го чинело кариера.

Во периодот на најголемата слава, кога неговите хитови се вртеа на сите радио станици, Рале признава дека воопшто не знаел да ракува со парите. Трошел неконтролирано, ги честел сите околу себе и често позајмувал суми за кои не водел евиденција.

Шокантна сума на лист хартија

Рале откри дека во тој период редовно земал пари од Поповиќ – суми кои се движеле од 500 па до вртоглави 20.000 евра дневно. Еден ден, Саша дошол кај него со лист хартија на кој биле прецизно запишани сите позајмици. Кога ја видел крајната сума, композиторот останал без зборови, му должел дури 68.000 германски марки.

Наместо кавга или притисок за враќање на парите, Поповиќ направил гест што Рале ќе го памети додека е жив.

„Ми рече: ‘Не ми должиш повеќе ништо, ти го простувам долгот, но немој повеќе никогаш да си ми побарал ниту една марка!’. Јас го молев да не го прави тоа, му велев дека ќе му ги вратам парите со работа за само еден месец, но тој не сакаше ни да чуе“, раскажува Рале.

Сметки во кафеана од по 10.000 марки

Причината за ваквиот финансиски колапс на Рале била неговата желба да им помага на сите. Како дете кое сонувало само да може секој ден да јаде месо, кога почнал да заработува милиони, парите ги делел „на шака и капа“.

Покрај неговото студио имало кафетерија каде што сите јаделе и пиеле на негово име, па месечните сметки што ги подмирувал достигнувале и до 10.000 марки. Тој тогаш верувал дека парите му се дадени од Бога за да ги сподели со другите, сè додека Саша Поповиќ не му ја одржал најважната лекција за дисциплина и финансии.

Слични објави

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....