14:59 - 7 ноември, 2026

„Едвај чекам, тоа ќе биде хаос“: Рада Манојловиќ пресреќна за враќањето на Милан Станковиќ на сцената

Пејачката Рада Манојловиќ се радува на враќањето на Милан Станковиќ на музичката сцена, по неговата повеќегодишна пауза.

Рада не ја криеше својата возбуда поради тоа што нејзиниот поранешен партнер и колега повторно ќе стане дел од естрадата.

Пејачот Милан Станковиќ, по неколкугодишна пауза, одлучил да се врати на музичката сцена и повторно да ја израдува публиката, пренесуваат српските медиуми.

Иако долго време не беше присутен во јавноста, интересот за неговиот живот и кариера не стивна. Според информациите, новиот албум на Станковиќ е веќе подготвен, а пејачот, кој моментално се занимава со приватен бизнис, планира да го објави наесен.

Неговата поранешна девојка и колешка Рада не можеше да ја сокрие среќата поради неговото враќање, на кое, како што вели, долго време го наговорувала.

„Ништо не ме прашувајте, не смеам ништо да кажам, но воодушевена сум што Милан се враќа на сцената. Тоа ќе биде вистински хаос и едвај чекам! Никогаш не ни требаше да се откаже од пеењето“, изјави пејачката.

Рада веста дека Милан наесен ќе објави албум ја прокоментира и на социјалната мрежа „Икс“.

„Е така е, ама не смее да се зборува“, напиша Манојловиќ, со што им даде до знаење на следбениците дека е запознаена со деталите, но не смее да ги открива.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....