12.8 C
Скопје
00:17 - 29 април, 2024

ССМ бара отчет од УЈП за исплатените 14.500 денари: Фирми во свој џеб ја ставиле помошта за платите на работниците

Сојузот на синдикатите на Македонија се обратил до УЈП и до Трудовиот инспекторат да се направи анализа за тоа кои од компаниите што користат државна финансиска помош за исплата на плата во висина од 14.500 денари, им исплаќаат на своите вработени понизок износ на плата од она што како помош го добиле од државата, или пак, воопшто не им исплатиле плата.

„Управата за јавни приходи треба веднаш да информира кои компании, корисници на финансиската помош, исплатиле плата пониска од 14.500,00 на работниците, поради тоа што на крајот на денот, таа државна помош ќе биде враќана преку даноците што ги плаќаат токму работниците, а во тој случај за нашите пари бараме транспарентност и отчетност. Владата треба да го има ова предвид при продолжување на финансиската поддршка за исплата на плати“, повторно реагираше Синдикатот.

Реакцијата следува по анонимните пријави дека се забележани вакви прекршувања, а од ССМ сметаат дека надлежните државни институции треба да ги преземат сите мерки што им се на располагање.

– ССМ ќе ги преземе сите инструменти на располагање за да се спречи злоупотребата на правата од работен однос и на најпогодените работници да им обезбеди основни услови за егзистенција, сѐ до конечно надминување на кризата – изјавија од најголемата синдикална организација.

Од Трудовиот инспекторат за „Слободен печат“ велат дека засега немаат конкретни бројки и поплаки во врска со исплатата на државната помош, а тие си вршат редовни контроли, воопшто за редовната исплата на платите на работниците. Оттаму нагласуваат дека УЈП е надлежна за контрола на фирмите што користат државна помош, но доколку добијат барање и тие ќе се вклучат со својот инспекциски надзор.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска во саботата изјави за ТВ Телма дека УЈП ќе почне да проверува дали е исплатена платата кај сите што добиле финансиска помош, но досега нема информација за тоа до каде е проверката.

На 21.542 компании им се одобрени по 14.500 денари за работник за исплата на априлската плата. Од вкупниот број поднесени барања, 2.377 барања беа од угостителската дејност, 253 се туристички агенции (туроператори), 2.177 се од дејноста транспорт, 258 се од објекти за сместување, а 16.625 се од други дејности. Со уредбата на Владата за оваа мерка можеа да аплицираат и самостојните вршители на дејност (трговец-поединец, лице кое врши земјоделска, занаетчиска дејност и лице што врши услуги, кое остварува доход од вршење на дејност и е запишано во соодветен регистар), ним им се одобрени 5.840 барања за финансиска помош од 14.500 за исплата на плати за април.

Болните и изолираните работници да добиваат цела плата

ССМ бара на работниците заболени од ковид-19 и на оние што се во изолација или во самоизолација поради вирусот, да им биде исплатен надоместок на плата за боледување, односно надоместок за професионално заболување во висина од 100 проценти.

„Во изминатиот период сме сведоци дека голем број работници не по нивна вина, или се заболени од ковид-19, или се во изолација или самоизолација поради контакт со друг работник што бил изложен на заразната болест, дали на работното место или при превоз до и од работното место, и од тие причини Владата веднаш, преку носење уредба, треба да го регулира статусот на тие работници и да спречи исплата на плата пониска од 100 проценти како надоместок на плата за боледување односно за време на привремена неспособност за работа“, се вели во соопштението од ССМ.

Со ваквата уредба, велат од Синдикатот, ќе се спречат сите несовесни работодавачи да ги кршат правата на работниците во овие исклучително сложени и тешки моменти за работниците.

The post ССМ бара отчет од УЈП за исплатените 14.500 денари: Фирми во свој џеб ја ставиле помошта за платите на работниците appeared first on Слободен печат.


ССМ бара отчет од УЈП за исплатените 14.500 денари: Фирми во свој џеб ја ставиле помошта за платите на работниците was first posted on јуни 9, 2020 at 12:43 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....