09:34 - 12 ноември, 2026

(Фото) Александар Белов се врати во Македонија со семејството

Пејачот Александар Белов, кој веќе извесен период живее во Крагуевац, деновиве престојува во родното Скопје заедно со своето семејство.

Тој во македонската престолнина допатува со сопругата Јелена и нивната ќерка Мина, користејќи ја можноста да помине време со најблиските и да ужива во познатата градска атмосфера.

На социјалните мрежи, Белов сподели фотографија од прошетка покрај Вардар, каде заедно со семејството позира пред еден од препознатливите симболи на Скопје. Судејќи според објавата, семејството ужива во мирните моменти и прошетките низ градот.

Инаку, Александар Белов и по преселбата во Србија останува активен на музичката сцена со бројни настапи.

Малата Мина во јануари наполни четири години. Таа се роди на Стара Нова година, а роденденот поминал во атмосфера како од бајка. Прославата била инспирирана од светот на Дизни, со роденденска торта украсена со ликовите од „Леденото кралство“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Belov (@jelena.belov)

Слични објави

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо
Се вчитува....