11.8 C
Скопје
07:04 - 23 октомври, 2026

Српскиот пејач Марко Булат приведен во полиција поради пријава од сопругата за семејно насилство

Во семејниот стан на познатиот српски пејач Марко Булат, рано утрово се случил инцидент по што интервенирала полицијата. Неговата сопруга, Марија Булат, пријавила физичко насилство, дознава српски „Телеграф“.

Како што дознава „Телеграф“, полицијата го привела Булат во полициска станица.

По пријавата на Марија, полицијата ќе спроведе информативен разговор со него, со цел да утврди дали имало насилство меѓу сопружниците.

Надлежните служби во моментот работат на проверка на сите наводи од пријавата. Се очекува да бидат земени изјавите на двајцата сопружници, а во зависност од степенот на повредите и извештајот на дежурните служби, ќе се донесе одлука за понатамошно постапување и евентуални пријави.

Двојката и претходно имала разни турбуленции во приватниот живот, но инцидентот што се случил утрово фрли нова светло врз нивните семејни односи. Марко и Марија Булат до овој момент не се огласиле официјално за овој инцидент.

 

Слични објави

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....