10:29 - 27 ноември, 2026

(Фото) „Тага за загубеното“: Стојне Николова се појави во тренди фустан, фановите ја искритикуваа

Популарната македонска пејачка Стојне Николова беше искритикувана поради стајлингот на новата фотографија која ја објави на Инстаграм.

Стојне повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи со својата најнова објава, каде позира во елегантен црн стајлинг. Облечена во модерен црн фустан со реси и впечатлив ремен, таа уште еднаш потврди дека класиката секогаш останува во тренд, што го нагласи и самата во описот: „Црното е секогаш во мода“.

Фотографијата за кратко време собра бројни реакции, а во коментарите може да се забележи мешавина од воодушевување, комплименти, но и искрени мислења. „Секое машко срце го освојуваш со твојата убавина, ти си кралица на нашата македонска музика!“, вели еден коментар.

„Не ми се допаѓа, црна боја тоа е тага за загубеното. На твои години ти треба модерен стил, но свежи бои. Предлог: пинк, лила, бела и крем“, се вели во друг коментар.

И покрај различните реакции, објавата уште еднаш покажа дека пејачката знае како да го задржи вниманието на јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STOJNE NIKOLOVA (@stojne_official)

Слични објави

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо
Се вчитува....