02:23 - 6 ноември, 2026

Рецепт за феноменално домашно пилешко гиро

СОСТОЈКИ:
– 500 – 600 гр пилешко бело месо
– 2 лажички вински оцет
– 2лажици маслиново масло
– 2 полни лажици кисело млеко
– 1 лажичка оригано
– 4 чешниња лук
– сок од лимон
– сол и црн пипер
– тортилји
– домати
– црвен кромид
За сосот ѕаѕики:
– 450 мл кисело млеко
– ½ краставица
– 2 -3 чешниња лук,
– 1 лажичка вински оцет
– малку сок од лимон
– маслиново масло
– сол и црн пипер

ПОДГОТОВКА:
За сосот ѕаѕики, ставете го киселото млеко во газа над еден сад нека стои неколку часови за да се исцеди вишокот течност. Излупете ја и изрендајте ја краставицата. Ставете ја во крпа и стиснете да го исцедите вишокот вода. Измешајте ги киселото млеко и краставицата со згмечениот лук и со другите состојки, за да се соединат. Додајте лимонов сок по вкус, попрскајте со маслиново масло и нека стои во фрижидер 30 минути пред да послужите.
Во еден сад измешајте ги згмечениот лук, сокот од лимон, оцетот, маслото, киселото млеко, ориганото, солта и црниот пипер. Со оваа смеса прелијте го пилешкото месо да се маринира околу еден час. Потоа испечете го на скара или во рерна. Оставете го малку да се излади, па исечете го на ленти. Загрејте ги тортиљите, премачкајте ги со малку масло, потоа наполнете ги со пилешко, ѕаѕики сос, сечкани домати и црвен кромид.

Слични објави

Виктор Живојиновиќ непрепознатлив – oбјави фотографија со Бренa кога имал повеќе од 100 килограми

Еспресо

(Фото) Српската манекенка која имаше 60 отсто изгореници на телото од страшната несреќа, сега го покажа лицето со модринки

Еспресо

(Фото) Убавата Србинка се омажи за милијадер од Блискиот Исток, па ја напушти Сремска Митровица: Аника го маѓепса Египет со проѕирниот фустан со кристали

К. А.

(Фото) Цеце Николова во впечатливо црно издание на свадба — Лоба ѝ порача дека е „вистински феникс“

К.С.

(Видео) Ќерката на Гоца Тржан го украде вниманието на концертот на мајка си: Лена воодушеви со модната комбинација

apostolova

(Фото) Стефан Лазаров ужива во татковството — нежни моменти со малиот Лука во новиот семеен дом

К.С.
Се вчитува....