11.8 C
Скопје
17:16 - 16 октомври, 2026

(Фото) Ивана Кнол „жешка“ и на снег: Најпознатата навивачка во друштво на светски познатиот диџеј Дон Дијабло

Најпознатата хрватска навивачка, Ивана Кнол повторно е во центарот на вниманието, но овојпат не на фудбалските трибини, туку на снежните падини каде што се појави во улога на диџеј.

Кнол сподели фотографии на својот Инстаграм профил од викендот поминат на музички фестивал на планина, каде што се дружеше со една од најголемите ѕвезди на електронската сцена Дон Дијабло.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by knolldoll (@knolldoll)

И покрај ниските температури, Ивана остана верна на својот препознатлив стил. Таа позираше во минијатурни црни шорцеви, тесно боди, екстравагантни крзнени чизми и мрежести чорапи кои дополнително ја „подгреаја“ атмосферата на снегот.

Покрај фотографиите со славниот диџеј, Ивана сподели и како си поминала зад диџејскиот пулт.
„Каков викенд! Свирев на фестивал на снег, запознав прекрасни луѓе, го победив стравот од висина во жичарницата и изедов премногу Харибо бонбони“, напиша Ивана под својата објава.

На една од фотографиите се гледа како таа со голема самодоверба управува со миксетата пред многубројната публика, докажувајќи дека нејзината кариера како диџеј оди во нагорна линија.

Очигледно е дека Кнол знае како да го привлече вниманието каде и да се појави – без разлика дали е тоа Светско првенство или музички сет на неколку илјади метри надморска височина.

Слични објави

„Каков новинар си ти, мораш уште да учиш“: Харис Џиновиќ се жестоко налути на познат водител поради прашање за брковите

Е.А.

Сезоната на Скорпијата носи среќа за три хороскопски знаци — некои ги очекуваат пари, а други остварување на голема желба

К.С.

Слоба Радановиќ отворено за неверството што му го промени животот, земјотресот на Хиландар и поддршката од сопругата Јелена

Е.А.

(Фото) „Јас го сакам животот и животот ме сака мене“: Лила Филиповска го прослави 55. роденден покрај море

К.С.

Есенски коктел со јаболко, цимет и карамела — совршен пијалак за студените вечери

К.С.

Тони Цетински се прости од татко му со потресна порака: „Посакувам уште еднаш да те прегрнам“

Еспресо
Се вчитува....