16:09 - 26 ноември, 2026

(Фото) Се огласи Кети Пери откако беше обвинета за сексуален напад

Кети Пери испрати емотивна порака до обожавателите, откако нејзиниот тим ги негираше обвинувањата за сексуален напад од австралиската актерка и модел Руби Роуз, пишува „Пипл“.

Пери објави кратка порака на својата инстаграм-приказна во која напиша: „Те сакам“, заедно со илустрација од нејзината песна од 2013 година „By Grace of God“.

Објавата доаѓа откако Роуз изнесе обвинувања во серија објави на социјалната мрежа „Тредс“ дека Кети Пери сексуално ја нападнала во нејзините рани дваесетти години во ноќен клуб во Австралија.

Роуз ги детализираше обвинувањата за наводниот инцидент, додека тимот на Пери категорично ги негираше обвинувањата еден ден претходно, нарекувајќи ги лажни и опасни.

– Обвинувањата што ги шири Руби Роуз на социјалните медиуми за Кети Пери не се само категорично лажни, туку и опасни и неодговорни лаги – изјави претставникот на пејачката во соопштението.

Во истата изјава се додава дека Роуз има историја на јавно изнесување сериозни обвинувања против разни луѓе, кои биле постојано негирани во минатото.

Во своите објави, Роуз изјави дека ѝ биле потребни речиси две децении јавно да проговори за нејзините наводни трауматски искуства и нагласи дека е подготвена за правните последици од нејзините изјави.

Таа, исто така, изјави дека поднела полициски извештаи во врска со неколку претходни инциденти, по што изјави дека поради истрагата, повеќе не може јавно да коментира за случајот и дека ќе се посвети на закрепнување и приватен процес на лекување.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова едукативна програма за трудници

Еспресо

Снежана Ѓуришиќ искрено за најтешкиот период во животот: „По смртта на сопругот се повлеков од сите, а мир пронајдов во молитвата и разговорот“

Е.А.

(Фото) Како актерките од стариот Холивуд: Бергузар Корел блесна во кадифен фустан и рубини

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Неда Украден во домашно издание без шминка: „Најголема радост е со љубов да се подготви трпеза за најблиските“

Е.А.

(Видео) Верица Ристевска по долго време повторно пред скопската публика: легендарниот глас се враќа на сцената

Еспресо
Се вчитува....