13.8 C
Скопје
06:29 - 1 јуни, 2026

(Фото) Богатата Србинка се појави на гала настан во Лос Анџелес и ги воодушеви сите!

Србија ја запозна како членка на групата „Моделс“. Таа беше во тој музички состав од нејзиното основање во 1996 година до 1999 година. А потоа се посвети на модниот дизајн, креирањето накит, но и на осмислувањето на разни детали за ентериер, како што се оригинални огледала. Автентичниот моден вкус го изразува и преку стилот на облекување.

Ивана Берендика го покажа својот стил на неодамна одржаното доделување на наградите „Fashion Trust“ во Лос Анџелес. Таа позираше на црвениот тепих во златен фустан со длабоко деколте со огромен шлиц. Половината е истакната со свилена лента, а тој детаљ го краси и самото деколте, во форма на V-изрез.

Едноставниот, провокативен и оригинален фустан е модел на нејзиниот бренд, кој се занимава со креирање облека, додатоци и други уникатни предмети како што се ремени, но и свеќници.

Берендика своите дела ги изложувала во Мексико, меѓу другото, а јавноста на Инстаграм е воодушевена од нејзините креации.

Во фустан од нејзиниот бренд на гала настанот била облечена и познатата стилистка од српско потекло Рушка Бергман, која соработувала со бројни познати личности, како што се Мајкл Џексон, Мадона, Бијонсе, Џастин Бибер и многу други. Таа носела едноставен црвен фустан, додека очилата за сонце се неопходен моден детаљ од нејзиниот стил.

Ивана Берендика се повлече од јавната сцена по медиумскиот бум што го направи заедно со другите членки на првата постава на групата „Моделс“. Како 25-годишна девојка, таа го запознала американскиот милијардер Томас Јермолук. Тие се венчале во 2005 година на Бахамите, а иако јавноста е многу заинтересирана за нивната љубов, успеаја да останат еден од најмистериозните парови.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ сподели неодолив семеен момент – неговите синови позираа прегрнати на Калемегдан

Еспресо

Гога Секулиќ завршила во гипс – пејачката доживеала незгода пред настап, еве како се чувствува

Еспресо

Уникатните декорации на „Magic moments“ ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Здравата но монотона исхрана е навика која може да му наштети на дигестивниот систем

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ги пакува куферите и заминува со партнерот и бебето: „Доживеа многу стрес“

Еспресо

Неда Украден сака да учествува на Евровизија: „Сакам добра песна, а не да ја испеам еднаш и никогаш повеќе“

Еспресо
Се вчитува....