18.8 C
Скопје
11:05 - 6 мај, 2024

Како зборуваше Коби: Најпознатите цитати на Брајант

Коби Брајант сакаше неговите игри да зборуваат за него, тој само го даваше максимумот од него на секој натпревар во неговата 20-годишна кариера притоа оставајќи незаборавни натпревари и моменти.

Освен неговите игри ќе останат запаметени и неговите зборови и цитати:

– Тоа што луѓето го гледаат на теренот не сум јас, туку другата страна од мене.

– Една работа што мора да ја знаете за мене и дека немам филтер кога станува збор за мислење. Навистина немам проблем на секого да му кажам што мислам.

– Најважна работа е да се потрудите да ги инспирирате луѓето да бидат најдобри во тоа што го работат.

– Јас сум тука, не одам никаде. Без разлика на тежината на повредата, освен доколку е премногу тешка – јас ќе бидам истиот кој отсекогаш бев. Ќе пронајдам начин како да го направам тоа. Ќе направам некои промени, корекции, но и понатаму ќе доаѓам.

– Се сомневам во себе, имам страв од неуспех. Се случувало да пристигнам во салата и да си помислам: Ме боли грбот, ме болат колената, стопалата и не можам да продолжам, само сакам да се одморам малку. Сите се сомневаме во себе, тоа е неспорно, меѓутоа тоа не значи дека треба да се предадеме на тие сомнежи.

– Сконценриран сум на една и единствена работа, а тоа е да освојам што повеќе титули.

– Играм против одлични играчи, најдобрите на светот. Натпреварување – тоа е тоа што целиот свој живот го посакував.

– Сум играл со инфузија пред, за време и по наптревар. Сум играл со скршена рака, истегнат глужд, изместено рамо, откорнат заб, исечена усна и со огромен оток на коленото. Одбивам да пропуштам 15 натпревари само затоа што повредата на палецот за која сите знаат не е толку сериозна.

– Не можам да се поврзам со мрзеливи луѓе бидејќи не зборуваме на ист јазик. Не ги разбирам и не сакам да ги разберам.

– Не сакам да бидам идниот Мајкл Џордан, јас сакам да бидам само Коби Брајант.

– Јас сум во потрага по совршенството.

– Ќе направам се што е потребно за да победиме на натпреварот, без разлика дали тоа вклучува седење на клупа, додавање чаша со вода на соиграчите или погодување на победничкиот кош.

– Доколку се плашиш од неуспех, највееројатно и ќе го доживееш.

– Најважно е да им кажете на сите околу себе дека сте тука и сте сериозни. Јас не сум играч кој само ќе се појави и ќе си замине. Не сум играч кој ќе биде дел од најдобриот тим еднаш или два пати. Тука сум за да бидам најдобар. Еднаш си ветив дека ќе станам еден од најдобрите и тогаш играта ми стана се.


– Шутирам премногу од својата осма година, но тоа „премогу“ е работа на перцепција. Некои луѓе мислат дека Моцарт имал премногу ноти во своите дела. Тој на тие критики одговарал дека не може да има ниту премногу ниту премалку. Постои само толку колку што е потребно.

– Кога имам можност да го чувам Мајкл Џордан, ја сакам тоа да го правам. Тоа е врвен предизвик.

– Дури и со една рака си способен да играш – одговара Брајант за евентуално пензионирање поради повреда.

– Секој пат кога ќе влезам во салата се чувствувам како убиец.

– Најважно е да ги инспирирате луѓето да станат фантастични во тоа што го работат.

The post Како зборуваше Коби: Најпознатите цитати на Брајант appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....