10.8 C
Скопје
08:08 - 29 март, 2024

Како се запознале кралските парови: Ѝ ја презела круната на сестра си и го освоила најпосакуваниот маж!

Принцезата Ана, ќерка на кралицата Елизабета Втора, на Олимипјада го запознала својот прв сопруг Марк Филипс. Некои приказни за запознавањето на кралските парови навистина се неостварливи меѓу обичните луѓе, но сепак, како монархијата станува се помодерна, така и тие имаат повеќе слобода на избор.

Ова се некои од најинтересните приказни за запознавање на кралските парови.

Кралицата Елизабета и принцот Филип

Парот се познава од детството, Елизабета имала 8, а Филип 13 години кога се запознале на венчавка на принцезата Марина од Грција и војводата од Кент. Официјално станале пријатели пет години подоцна. Инаку се роднини по второ колено. После таа средба, кога Елизабета имала 13 години почнале да си разменуваат писма и се вљубиле. Нивната веридба е објавена во 1947, но постои сомнеж дека се вериле порано само чекале таа да наполни 21 година. Се венчале истата година и имаат четири деца – Чарлс, Ана, Ендрју и Едвард.

профимедиа

Принцот Чарлс и Камила Паркер

Ги запознал заеднички пријател на забава во 1971. и набргу станале љубовници. Но, Камила тогаш била вљубена во Ендрју Паркер Боулс, со кого често раскинувала и се смирувала. Кога Чарлс отишол во морнарица, се верила со Ендрју, кој речиси цело време ја изневерувал. Чарлс пак, се венчал со Дајана, која ја изневерувал со Камила, а после комплицираната врска која траела повеќе од 30 години, конечно се венчале во 2005.

профимедиа

Принцот Чарлс и принцезата Дајана

16-годишната Дајана Спенсер го запознала Чарлс кога тој бил во врска со нејзината сестра Сара. Зборувале и ранцувале, но романсата се случила две години подоцна, кога и двајцата биле слободни. Се нашле на забава, а шест месеци подоцна се вериле. Се венчале во 1981, а се разделиле во 1996.

профимедиа

Принцезата Ана и Марк Филипс

Ќерката на кралицата, Ана, била успешна натпреварувачка во коњски трки каде освоила и титула на европски првак. На Олимпијадата во Минхен, 1972, го запознала колегата јавач на коњи Марк Филипс, со кого имала турбулентна врска. Кога се венчале, на Филипс му била понудена титула на гроф, а тој одбил, па затоа титула немаат ни нивните деца, Марк и Зара Филипс. Парот се разделил во 1992.

профимедиа

Принцезата Ана и Тимоти Лоренс

Вториот сопруг Ана го запознала во 80-те години, кога се распаѓал нејзиниот брак со Филипс. Тимоти работел како помошник во кралското семејство, а јавноста дознала за врската во 1989 година, кога медиумите дошле до љубовните писма што тој ѝ ги испраќал на принцезата. Се венчале по три години.

профимедиа

Принцот Ендрју и Сара Фергусон

Се движеле во слични кругови на пријатели од мали. Сара била пријателка на принцезата Дајана која ги запознала во 1985. Седеле еден до друг на ручекот во „Аскот“ на коњските трки. Кога дошло време за десерт, Сара рекла дека не сака десерт зашто е на диета, но Ендрју ја предупредил дека тоа би било кршење на бонтонот. Кога дошло време тој да нарача десерт рекол дека не сака.

– Го удрив по раме и почнав да се смејам, напишала подоцна Фергусон во автобиографијата. Се венчале една година подоцна и имаат две ќерки, принцезата Биатрис и Евгенија. Бракот траел 10 години.

профимедиа

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

Слаткиот брачен пар се запознал на прилично обичен начин, на прва година на факултет на Универзитетот Сент Ендрус во 2001. Прво биле пријатели.

– Кога се запознаве целосно поруменев, бев многу срамежлива, рекла Кејт. Вилијам раскажал дека една година биле пријатели, а потоа тоа се претворило во врска. Во десетте години колку што биле заедно пред веридбата два пати раскинале, а се венчале во 2011.

профимедиа

The post Како се запознале кралските парови: Ѝ ја презела круната на сестра си и го освоила најпосакуваниот маж! appeared first on Слободен печат.


Како се запознале кралските парови: Ѝ ја презела круната на сестра си и го освоила најпосакуваниот маж! was first posted on септември 13, 2020 at 8:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....