24.8 C
Скопје
13:06 - 29 април, 2024

За 5 минути слава: Момче се јави во Итната помош и се пошегува со службата од која зависат животи (ВИДЕО)

Топ тема денеска на социјалните мрежи е видео на кое се гледа како младо момче, додека со пријателка е на пауза за цигара, најавува дека ќе се јави и ѕвони на телефонскиот број на итната помош 194 по што хистерично извикува „пожар“ алудирајќи дека го згрешил бројот, а сакал да повика противпожарна служба.

„Додека тој се заебава, линијата е зафатена за пациенти. Да го направиме популарен!“ Собрани неколку “истомисленици”. Како бе не држи сѐ уште земјата? – се дел од многуте негативни коментари на социјалните мрежи.

Во некои од коментарите, момчето е идентификувано како келнер кој е вработен во познат скопски ресторан.

Тие секако го принудија момчето кое првичното видео со невкусната шега го објави на ТикТок, да се извини исто така преку видео.

@_iksvelok_Znacii lugee naprav greska stvarno se izvinuvam likeneto go vidovo za d avidat poeke luge IZVINETE ##foryou ##foryoupage ##fyp ##fyr♬ original sound – __kolevski

Она што е важно во овој случај е дека секое лажно пријавување кон соодветните служби за помош, повлекува прекршочна и кривична одговорност за ваквото дело.

Пред извесно време момче преку видео на ТикТок се пофали како пали шума при што беше пронајден, уапсен и соодветно казнет со пријава.

Полицијата го уапси малолетникот што палеше шума и се снимаше на Тик Ток 

Преку ТикТок беше споделувано и видеото од брутален напад на момче, веројатно во Скопје.

Снимка од брутален напад на момче објавена на „Тик Ток“ (ВИДЕО)

Токму поради тоа што преку оваа апликација, по потекло од Кина, неконтролирано се шират видеа со различна насилна, суицидна и предизвикувачка содржина, која негативно влијае кај младите корисници, земји како САД и некои европски, сакаат да ја забранат за користење.

The post За 5 минути слава: Момче се јави во Итната помош и се пошегува со службата од која зависат животи (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


За 5 минути слава: Момче се јави во Итната помош и се пошегува со службата од која зависат животи (ВИДЕО) was first posted on септември 13, 2020 at 7:32 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....