24.8 C
Скопје
12:56 - 29 април, 2024

Која е Соња Суарез која ја преживеа експлозијата на џипот во која загина Страхиња Стојановиќ и зошто нејзината ќерка ја поврзуваат со Кристијано Роналдо?

Соња Суарез беше во џипот со Страхиња Стојановиќ, кога неговиот автомобил експлодираше во движење околу 12.15 на улицата „Младинска бригада“ во Белград, при што Стојановиќ го загуби животот.

Тие двајца беа превезени во Ургентниот центар, каде Страхиња подоцна им подлегна на повредите и почина, додека Соња за среќа преживеа и помина само со полесни повреди.

Ова беше втор обид за убиство на Страхиња Стојановиќ, кога веќе беше извршен обид за атентат на 11 август во белградската населба Галеника. За експлозијата се верува дека е активирана од далечина.

Стојановиќ имал сериозно кривично досие и бил апсен и осудуван неколку пати за разни тешки кривични дела, пренесоа медиумите.

Која е всушност Соња Суарез и како се нашла во џипот на Страхиња Стојановиќ?

За Соња која помина со полесни повреди не се знае многу, не се знае ниту како го запознала Страхиња, а на социјалната мрежа Инстаграм ја следат повеќе од 23 илјади луѓе, кои имаат увид во доста приватни детали, кои Соња ги објавува јавно.

Фото: Инстаграм

Соња изгледа прекрасно и неверојатно младолико, со оглед на тоа дека има 24 годишна ќерка.

Фото: Инстаграм

Судејќи според објавите на Инстаграм, таа патува на егзотични дестинации, ужива во излегувањата… Колумбијката често објавува и провокативни фотографии во бикини.

Фото: Инстаграм

Соња пред да дојде во Белград престојувала во Турција, а првата фотографија од Белград ја објавила на 9-ти март.

Фото: Инстаграм

Судејќи според објавите, Соња во Белград има неколку пријатели, со кои повремено се дружи. Таа од Белград објавувала фотографии од ресторани, како и кадри од реки, љубовни моменти и прошетки низ Србија со момчето.

Фото: Инстаграм

Ќерката на Соња е всушност поранешна девојка на фудбалерот Кристијано Роналдо

Ќерката на Соња, Паула Суарез е позната во јавноста од претходно, а во центар на вниманието дојде во 2016 година кога беше во врска со тогашниот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Се започна кога се појави жешкото танцување на Роналдо и Паула на јахтата, со што тие привлекоа огромно внимание во јавноста и медиумите. Според информациите до кои тогаш дојдоа шпанските медиуми, Паула се запознала со Роналдо во еден ноќен клуб на Ибица.

Фото: Инстаграм

Паула студира глума и се занимава со моделинг, а на Инстаграм ја следат повеќе од 850.000 лица. Ќерката на Соња има 24 години и е вистинска убавица, а кога ќе се разголи може да се забележи дека прекрасната фигура ја наследила од мајка си.

Фото: Инстаграм

Таа на средината на април оваа година се оствари во улога на мајка и со својот партнер доби ќеркичка. Во тој период нејзината мајка Соња веќе престојувала во Србија, па судејќи според фотографиите на Инстаграм, тие се виделе неколку дена по породувањето.

The post Која е Соња Суарез која ја преживеа експлозијата на џипот во која загина Страхиња Стојановиќ и зошто нејзината ќерка ја поврзуваат со Кристијано Роналдо? appeared first on Слободен печат.


Која е Соња Суарез која ја преживеа експлозијата на џипот во која загина Страхиња Стојановиќ и зошто нејзината ќерка ја поврзуваат со Кристијано Роналдо? was first posted on септември 13, 2020 at 8:30 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....