18.8 C
Скопје
20:41 - 2 мај, 2024

Како се распаѓаше ВМРО-ДПМНЕ

Во ВМРО-ДПМНЕ веќе не мислат сите исто. Само шестмина гласаа против Законот за јавно обвинителство… Зарем е нормално ова? Како тоа можеше толкава партија да се распадне, а да не го видиме тоа до самиот крај? Што се случи?

Ни Солза да капне од окото, ни Апаш да напише глупав и отровен пост на Фејсбук… Ни милион Африканци што се населуваат во Македонија-Етиопија… Ни лошиот глумец, а уште полош политичар што кине зелени од говорница… Ни заканите и лагите од лошата копија на Гебелс… Ни исфрлениот од поплава на брегот на Халкидики, глупавиот „герилец“ што лошо копира активизам… Ништо од тоа не помогна. На Кољо чифликот се распаѓа, а Математичарот на Тато уште еднаш не ја реши задачата…

Може многу да се говори за целиот процес на донесување на Законот за јавно обвинителство во Собранието, но најважно од сѐ е дека тој заврши – успешно. Одговорноста и повикот да се донесе државничка одлука победија уште еднаш. Веројатно, тука има и оправдано стравување од срамот што ќе го следи името на секој што се противи на европската иднина на Северна Македонија. Последиците ќе ги видиме допрва, но важно е дека се извојува уште една успешна битка.

Долг беше патот на Законот за јавно обвинителство. Цела една институција беше урната на тој пат, под жестокиот оган од политичкото и криминалното подземје во и надвор од земјава. Криминалците удрија и таму каде што најмногу боли, каде што имаше најмногу надеж – СЈО. Сепак, процесот продолжи.

Цела една година траеше ова мачно измачување, време во кое легалистите се бореа против гангстерите чија единствена цел беше да обезбедат неказнивост за криминалот и насилството што траеше 11 години.

Целата партија беше жртвувана, уште еднаш (по којзнае кој пат), за да се издејствува исполнување на еден единствен услов – амнестија за криминалците. Нивната намера секој ден стануваше сѐ поочигледна. Ја вклучија сета своја валкана агитпроп (куртон, според Латас) машинерија, до последниот крадливец и фашист маскиран зад левичарски идеи. Ги гореа и своите луѓе, а купуваа и довчерашни противници. Ги користеа сите слабости на едно ранливо и недоволно оформено општество. Ја искористија суетата и лакомоста и на оние што не би можел никој да ги замисли на нивна страна. Сите заедно, се обидуваа, ако ништо друго, да ги убедат луѓето дека „сите се исти“. Неуспешно. За среќа.

Ги ангажираа сите, па и најглупавите онлајн насилници и будалетинки да блујат отров по социјалните мрежи, како да нема утре, како да немаат семејства и пријатели што се срамат од нив (освен ако и тие не се исти како нив). Вложија огромни пари и врски, за да ја уништат сопствената земја, само за да се извлечат од одговорноста за своето дивеење. Ја мобилизираа сета своја партиска пешадија и направија злокобен обрач околу себе. Не им беше грижа за ништо и за никого освен за сопствените криминални интереси. Ги жртвуваа луѓето околу себе, како топовско месо, да изгорат во битката против правната држава. Универзитетски професор(к)и се посрамотија како последни будали, бранејќи нешто што не се брани.

Но, сето тоа заврши. Неуспешно за криминалната клика, успешно за правната држава.

Гласањето за Законот за јавно обвинителство покажа дека врвот на ВМРО-ДМПНЕ не може да си дозволи бескрајна злоупотреба на луѓето. Нивниот претседател, намесникот (го викаат и извршителот) на Груевски, уште еднаш направи погрешни математики.

И во завршната фаза на овој тежок процес се случи нешто практично неверојатно.

За фамозниот Закон за јавно обвинителство гласаа 80 пратенички и пратеници, а само шест беа против! Само шест! Под силниот притисок, партијата им се распадна на најситни парченца.

Неславен крај.

The post Како се распаѓаше ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....