13.8 C
Скопје
07:06 - 1 мај, 2024

Кафетериите се спремаат за отварање: Ќе се пие кафе на дистанца, забави на стоење ќе нема

Протоколот за работа на рестораните и кафетериите е изработен и доставен на разгледување во Стопанската комора, од каде денеска не информираа дека испратиле свои забелешки и предлози до Министерството за здравство, кое е задолжено да ги сработи протоколите во консултација со Комисијата за заразни болести и експерти епидемиолози.

Како што вчера објави Слободен печат, според новиот модел со кој ќе профункционира угостителството во земјава после пандемијата ќе биде дозволено максимум четворица да седат на маса во кафуле или ресторан, со задолжително растојание меѓу масите, задолжителна заштитна лична опрема за персоналот кој послужува и скратено работно време до 18 часот.

Главното правило ќе биде одржување на дистанца дури и во кафетериите и рестораните, исто како и на другите јавни површини, за да се спречи ширењето на коронавирусот. Слободен печат денеска се обиде во повеќе кафулиња да закаже роденденска забава, но бевме одбиени, зашто според менаџерите, стоечките забави ќе бидат забранети, прославите ќе мора да се одвиваат на отворено, односно на летните тераси. Спојување на масите нема да има.

Мартин Ангеловски од Угостителската комора вели дека сите предлози се во работна верзија и не се конечни, туку претставуваат само правец во кој треба да размислуваат и угостителите и гостите.

  • Конечните одлуки за тоа како ќе изгледа планот за работа не се донесени. Ние имаме само работна верзија, односно правец во кој треба да размислуваме, а комуникацијата е двонасочна. Одлуката ќе ја донесе владата и засега не знаеме како ќе изгледа. Немаме ниту точен датум кога ќе почнат кафеаните и кафулињата со работа. Има план во 2 фази што би се случувало во првата, а што во втората фаза, со општи точки. Ние инсистиравме да бидеме присутни на состанок со оние што  ќе донесат крајно решение и не знаеме дали тоа ќе ни се прифати. Во моментов ги завршуваме и нашите предлози. Најбитно ќе ни биде да има дистанца од барем метар и половина меѓу масите – вели Ангеловски.
Фото: Слободен печат/Ристе Пејовски

Нашите извори го споменуваат 11 мај како евентуален датум за отпочнување со работа на кафулињата, но оваа информација никој официјално не ја потврдува со оглед на тоа што преговорите за протоколот се во тек.

Сите ресторани и кафулиња имаат различен тип на маси. Не може да купуваат нови. Ќе треба да се допрецизира како ќе изгледа протоколот, додава Ангеловски.

Некои скопски кафулиња веќе поставуваат паравани и ги шминкаат своите дворови и летни тераси за да ги примат гостите. Некои од нив очекуваат да почнат со работа од следната недела, меѓутоа официјално никој тоа не им го кажал, туку се подготвуваат врз основа на шпекулации.

Во препораките за функционирање на кафетериите нема децидно наведено дека на иста маса во кафуле или ресторан ќе мора да седат само членови на исто домаќинство или фамилија како што е тоа случај со други земји од соседството со поинакви културолошки и социолошки карактеристики. Во нашата држава во кафуле ќе може да седат на иста маса и пријатели и познаници. Нема да има ниту задолжително мерење на температурата пред влез.

Стоечките прослави во прво време ќе бидат забранети, а ќе може да се организираат состаноци само со седење.

Најверојатно работното време ќе мора да биде во согласност со времетраењето на полицискиот час, односно вратите ќе се затвораат еден час пред да почне полицискиот час, за и персоналот и гостите да имаат време да заминат дома.

Веќе се изработени и протоколи за функционирање на јавниот превоз, одржување работилници, функционирање на молови, но сите се во фаза на дискусија со експерти и претставници на соодветните институции, за да се направат некои измени или да се допрецизираат. Неделава ќе биде прецизно познато како ќе функционира животот после кризата со коронавирусот.

The post Кафетериите се спремаат за отварање: Ќе се пие кафе на дистанца, забави на стоење ќе нема appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....