21.8 C
Скопје
15:29 - 16 април, 2024

ЈСП работи како маалско дуќанче, Шилегов си молчи

Вријат социјалните мрежи од незадоволство поради возниот (не)ред на автобусите од јавниот градски превоз. Луѓето, кои се принудени (читајте внимателно, ПРИНУДЕНИ ) да користат автобус за да стигнат на своите работни места или да завршат некоја обврска, се препуштени на волјата на ЈСП и на Град Скопје. А тие сметаат дека ја имаат ситуацијата под контрола и дека има доволен број автобуси.

Во услови кога и Владата оцени дека е време за разлабавување на мерките и дека животот треба постепено да се враќа во понормален тек, само ЈСП работи како дужанче и тоа оние малите, маалски, што имаат еден вработен – со пауза од четири часа меѓу две смени. Нема автобуси од 9 до 13 и крај! Нека се снаоѓаат граѓаните, нека пешачат со километри за да се вратат дома или да стигнат навреме доколку работата им почнува во периодот кога автобусите паузираат. Срамота!
Притоа, и покрај тоа што граѓаните не ги добиваат потребните услуги, претпријатието не ги намали цените на месечните билети, па така луѓето ем си платиле возење за цел месец по редовна цена, ем си пешачат до дома. Згора на се, поради мерката за задолжително држење растојание во возилата и во оние малку автобуси што ги има можат да влезат двојно помалку патници, што уште повеќе го отежнува проблемот на граѓаните.

И додека ЈСП си вози по саботен ред и си паузира, не обрнувајќи внимание на жестоките реакции на скопјани, очигледно и Градот и претпријатието забораваат дека сите градски претпријатија, па и локалните власти, треба да бидат сервис на граѓаните, да им служат, да одговорат на нивните потреби. Не обратно. Никако не. Некој сериозно ги измешал „лончињата“ мислејќи дека е над народот. Смета дека може што сака да прави, затоа што нели, ја има ситуацијата под контрола, а дека луѓето ќе си молчат. Нека не спијат надлежните на тоа уво. Револтот на граѓаните е толку голем што се закануваат дека никој од нив веќе нема да плаќа за месечни билети, дека нема да плаќаат кога ќе влезат во автобус, затоа што таа услуга веќе ја претплатиле. Коментираат луѓето на постовите на ЈСП на фејсбук, ама кој да ги чита.

За време на велигденските празници Скопје се натрупа со ѓубре, затоа што „Комунална хигиена“ не собираше отпад за време на полицискиот час. Шилегов потоа изјави дека ја увиделе грешката и дека тоа повеќе нема да се повтори. И не се повтори, навистина. Зошто сега молчи Шилегов? Нели ја увидува сега грешката? Или нормалниот возен ред не е исплатлив за ЈСП и за Градот? Па и нека не е. Ова е вонредна ситуација и бара вонредно однесување, па и по цена да возат автобусите и со тројца патници. Важно е нека возат. И без профит.

И така секоја година Град Скопје им исплаќа субвенции. Тие повторно ќе си ја наплатат загубата од Градот, преку џебот на граѓаните.

The post ЈСП работи како маалско дуќанче, Шилегов си молчи appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....