12.8 C
Скопје
05:42 - 13 мај, 2024

Јосифовски: Нѐ изманипулираа, намалениот данок на 10 отсто не важи за алкохолот!

Во Македонија има околу 6.500 угостителски објекти со 35.000 вработени. Голем дел од угостителските фирми, според првиот човек на Независната угостителска комора Здравко Јосифовски, нема да ја преживеаат зимата ако државата за нив не направи посебен пакет, затоа што за нив се воведуваат и посебни рестрикции.

Се зголемуват рестрициите во мерките за намалување на ризиците за ширење на корона. Што тоа значи за угостителскиот сектор?

– Во повеќе наврати, во нашите изјави и соопштенија, јасно даваме до знаење дека ги поздравуваме и подржуваме во целост генералните мерки за превенција, спречување и заштита од пандемијата Ковид-19 кои ги носи Владата. Она што генерално замеруваме е што кога мерките и рестрикциите се најавуваат за сите економски оператори, во последен момент се носат исклучиво за угостителската индустрија.

Лажно е мислењето дека скратувањето на работното време незначително влијае на прометот односно приходите. Вистината е дека за тој еден час во работните денови, односно два часа во викендите, приходите кај одредени угостители се намалија и до 70 процети, или генерално ако го гледаме прометот во угостителската индустрија како резултат на последните мерки и ограничувања на работа,тој е преполовен од тековните приходи во време на пандемијата. Се поставува прашањето дали во наредните месеци приходите ќе бидат до 20 проценти споредбено со приходите кои се остварувани минатата година во истиот период.

Дали веќе се забележува тренд на помасовно затворање на угостителските објекти?

-Угостителите од ден во ден стануваат заложници и заточеници на своите бизниси. Од ликвидни, стабилни и профитабилни фирми во изминатите месеци станаа неликвидни генерирајќи загуби и обврски кон добавувачите и вработените. Сведоци сме секојдневно како еден по еден од нашите колеги ги затвораат своите објекти со надеж дека оваа здравствена криза ќе заврши скоро и дека можеби ќе можат повторно еден ден да ги отворат вратите за гости. Ќе се радуваме ако половина од угостителските објекти успеат повторно да ги отворат за гости своите објекти напролет следната година.

Колку сте задоволни, или незадоволни, од мерките на Владата? Сепак, од почетокот на кризата сте ставени во посебна група за поддршка заедно со транспортот и со туризамот – има финансиска помош за плати, посебна бескаматна кредитна линија за вас, а сега во новиот пакет е најавено намалување на данокот за угостителството од 18 на 10 проценти….

-На 14-та седница на Владата предложи одредба со со примена од 01 јануари 2021 година со која се пропишува примена на повластена даночна стапка од 10 проценти за продавањето храна и пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци во угостителските објекти. Оваа одредба воопшто не кореспондира со најавуваната и ветена одредба за линеарен данок на додадена вредност, со што сите ние како угостители се чувствуваме изиграни. Предложената промена на ДДВ за угостителските објекти како што се кафетерии, клубови и дискотеки, каде што се точат само пијалоци, воопшто нема да влијае. Целокупната кетеринг индустрија, вклучувајќи ги и сендвичарите, бурекџилниците и останатите млечни ресторани, кои во минатиот период работеа со 5 проценти  ДДВ, всушност ќе бидат на некој начин казнети, со оглед дека овој данок сега ќе биде 10 проценти. Ако се земе во предвид дека во угостителството речиси 70 отсто од приходите се остваруваат од пијалоци тогаш очигледна е манипулацијата која е планирана да се направи со новата предложена парцијална измена на данокот на додадена вредност во висина од 10 проценти.

Изминатите денови сме сведоци на се повеќе блокади кои пристигаат пред се од Управата за јавни приходи поради кои фирмите кои ќе бидат блокирани, или доцнат со исплата на септемвриската плата, нема да можат да аплицираат за помош, односно субвенција за октомвриската плата, а уште помалку за кредити за одржување на својот бизнис.  Поради овие условени начини на користење,  мерките и кредитите по ниеден основ нема да може да се добијат.

Кое би било најдобро решение за баланс меѓу потребата од рестриктивно работење на рестораните и кафулињата, па дури и можено затворање поради здравствената криза, и опстанокот на бизнисот?

-Угостителската индустрија како најзагрозена и најпогодена индустрија има потреба од посебни пакет мерки наменети исклучиво за неа. Нелогични е условите за користење на мерките наменети за угостителите кои се ограничени и лимитирани во работењето со посебни протоколи за работа да аплицираат заедно со сите останати индустрии за кои нема никакви ограничувања во работењето.

Се поочигледен факт е дека многу од угостителите нема да преживеат и да опстанат оваа зима. Нашите груби пресметки, доколку сакаме да опстане целокупната угостителска индустрија и по завршувањето на здравствената криза која полека се претвора во финансиска и социјална криза, покажуваат дека ќе биде неопходна финансиска поддршка од минимум 250 милиони евра за перидот март 2020  – март 2021.

The post Јосифовски: Нѐ изманипулираа, намалениот данок на 10 отсто не важи за алкохолот! appeared first on Слободен печат.


Јосифовски: Нѐ изманипулираа, намалениот данок на 10 отсто не важи за алкохолот! was first posted on ноември 2, 2020 at 1:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....