16.8 C
Скопје
10:24 - 28 април, 2024

ИЗБОРИ: Главната битка ќе се води во кецот и петката, а лидерски мегдан ќе гледаме во шестката

Партиите кои ќе учествуваат на изборите на 15 јули, ставија потпис за фер, демократски и кредибилни избори, но овојпат, поради суровата реалност со коронавирусот, се обврзаа и на заштитата на здравјето на граѓаните. Предвремените парламентарни избори на 15 јули се особено важни бидејќи долго време државата функционира во вонреди услови со техничка влада и без Парламент.

Кандидатските листи се веќе потврдени, заклучен е регистарот на медиуми, завршено е пријавувањето на дијаспората за кое овој пат немаше доволен број пријавени и таму нема да се гласа и извршена е жрепка за редоследот на избирачкото ливче.

До Државната изборна комисија кандидатски листи доставиле 15 коалиции и партии. 

ДИК пред донесувањето на мартовската Уредба на Владата за запирање на изборните дејствија и одлуката на политичките лидери за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, ги потврди листите на 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати, а го утврди и изгледот на гласачкото ливче.

Со свои кандидатски листи во сите шест изборни единици ќе учествуваат ДУИ, коалицијата „Можеме” предводена од СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија”, политичката партија ИНТЕГРА, „Никогаш северна, секогаш Македонија”, Демократи, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Работничката партија и ДПА.

СДУ, ГДУ и Глас за Македонија нема да учествуваат во „шестката”, односно поднесоа листи само за изборните единици 1, 2, 3, 4 и 5. „Твоја партија” доставила кандидатски листи за изборите единици 1, 2 и 5.

На овие избори лидерска битка во македонскиот политички блок нема да има, бидејќи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одлучи да биде шпицен кандидат, односно да не се кандидира за пратеник и да не биде носител на листа. Па така, ривал на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во четвртата изборна единица ќе му биде Александар Николовски. Битката за Скопје ќе ја водат министерот за надворешни работи Никола Димитров од СДСМ и професорката Гордана Сиљановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ. Димитров како свој најголем успех си ги препишува Договорот за добрососедтсво со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција. Овие договори, пак, често беа мета на критика на професорката Сиљановска.

Битката во петката ќе се води меѓу Радмила Шекеринска од СДСМ и Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ. Аналитичарите најчесто знаат да речат, победникот во петката го одредува и победникот на изборите, така што и на овие избори се очекува вниманието главно да биде насочено кон овие два кандидати.

Лидерски мегдан на овие избори ќе има во шестата изборна единица и тоа во албанскиот политички блок. Тука на мегдан ќе излезат лидерите на ДУИ, Алијанса, ДПА и БЕСА, Али Ахмети, Зијадин Села, Мендух Тачи и Билал Касами. Касами овојпат ќе ја води битката за СДСМ и коалицијата. Друштво ќе им прави и една дама, Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Албанските партии и на овие избори немаат свои кандидати во четвртата изборна единица.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети ќе биде носител на кандидатската листа на партијата во шестата изборна единица, Талат Џафери во петата изборна единица, во тројката носител ќе биде поранешниот министер за економија Беким Незири, во втората изборна единица министерот за образование Арбр Адеми, и во првата изборна единица носител ќе биде партискиот потпретседател, Изет Меџити.

ДПА има кандидатски листи во пет изборни единици. Носител на листата со кандидати за пратеници во шестата изборна единица е лидерот на партијата Мендух Тачи. Во првата изборна единица носител на листата со кандидати за пратеници е Ниметула Демири, а во втората Орхан Ибрахими. Прв од кандидатите во третата изборна единица е Сами Рушити, додека во четвртата изборна единица ДПА нема да има кандидати. Во петтата изборна единица носител на кандидатската листа е Васви Доко.

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села е носител на кандидатската листа на коалицијата со Алтернатива во Шестата изборна единица, додека Африм Гаши од Алтернатива во втората изборна единица.

 

 

The post ИЗБОРИ: Главната битка ќе се води во кецот и петката, а лидерски мегдан ќе гледаме во шестката appeared first on Слободен печат.


ИЗБОРИ: Главната битка ќе се води во кецот и петката, а лидерски мегдан ќе гледаме во шестката was first posted on јуни 23, 2020 at 10:18 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....