20.8 C
Скопје
13:29 - 20 октомври, 2026

Разладуваат „однатре“: Oсвежителни плодови што мора да ги имате на трпезата ова лето

Плодовите што помагаат во хидратацијата на телото, ќе ви бидат вистински благодат во текот на претстојните топли летни денови, бидејќи, пред сѐ, во својот состав содржат поголеми количества вода и служат како дополнителен извор на течности, кои се многу потребни во овој период од годината.

Годинава поради пандемијата прогласена поради опасноста од коронавирусот, многумина ќе останат дома наместо да заминат на годишен одмор и таму да се разладуваат на море, на езеро или, пак, на планина. Токму затоа, додека седиме затворени во своите домови и се обидуваме да се разладиме со клима-уредите, кои понекогаш знаат да направат повеќе штета отколку корист по здравјето на луѓето, многу важно е да се знае и што треба да се јаде, за телото на природен начин да се разлади „однатре“, кога температурите ќе станат многу високи.

Плодовите што помагаат во хидратацијата на телото, ќе ви бидат вистински благодат во текот на претстојните топли летни денови, бидејќи, пред сѐ, во својот состав содржат поголеми количества вода и служат како дополнителен извор на течности, кои се многу потребни во овој период од годината.
Од друга страна, пак, како што постои храна што задолжително треба да се јаде во лето, исто така постои и храна што мора да ја избегнувате. Меѓу нив се мрсната и солената храна, како и газираните напитоци и оние што содржат поголеми количества кофеин.

1. Краставици

Краставиците јадете ги како дел од вашите омилени салати, но можете да ги грицкате и незачинети. Многу ќе ви помогне да се разладите, бидејќи таа во својот состав содржи големо количество вода.
Краставицата поради ниската калориска вредност има широка примена во подготовката на храна. Можете да ја јадете заедно со тиквички, домати или со модар патлиџан. Зачинувајте ја секогаш со сок од лимон или од лимета и на тој начин на оброкот ќе му дадете дополнителна свежина.

2. Лубеница

Лубеницата е здрав десерт што го обожаваат многумина и многу често се јаде веднаш по лесниот летен ручек. Овој плод чувајте го во фрижидер, а доколку со него сакате дополнително да се разладите, во тој случај можете да го комбинирате со ананас, праска или со кое било друго тропско овошје.

Profimedia

3. Грејпфрут

Грејпфрутот е тропско овошје, кое освен по својот горчливо кисел вкус, е познат и по високата концентрација на биоактивни материи што поволно влијаат врз целиот организам.
За разладување најдобро е да се пие сок од свеж грејпфрут, кој ќе помогне во регулирањето на потењето, а исто така ќе помогне и во регулирањето на телесната тежина.

4. Хелда

Во текот на жешките летни месеци салатата од хелда би бил идеален оброк за сите генерации. Оваа храна е многу здрава, вкусна и нутритивно богата.
Хелдата можете да ја комбинирате со свеж домат, краставица и тиквичка.

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо
Се вчитува....