5.8 C
Скопје
07:10 - 19 април, 2024

Изборни петарди

Ако се суди според ова до сега, опозицијата ништо не научила од начинот на кој паднаа од власт во 2016 година.

Да се потсетиме…

„Бомбите на Заев“ се викаат така, бидејќи ги „фрлаше“, лично и персонално, тогашниот лидер на опозицијата. Начинот на кој беа прибавени тие илјадници, високо компромитирачки, вистинити материјали за власта на Груевски подразбираше големи лични ризици на неколку одважни луѓе, тргнати во многу опасна и крајно неизвесна операција, во која ставија сè свое на коцка, нешто што се гледа само во врвните, имагинарни, шпионски акциони трилери од Холивуд. Голем ризик понесе самиот Заев, организирајќи го (и финансирајќи го, од сопствен џеб!), во сите детали, целиот долготраен проект „Вистината за Македонија“, а потоа со недели и месеци „биејќи“ се „гради в гради“ со политички опонент кој беше подготвен на апсења и физички ликвидации, закани секојдневно испорачувани преку целата своја скапо платена плукачка пропагандна и партиска машинерија. Имајќи ја против себе – да, да – и речиси целата меѓународна заедница (особено ЕУ), здушно застаната зад угледниот балкански автократ Груевски.

На тој начин се мобилизираше цело едно движење во Македонија во кое многу други, потоа, преземаа ризици врз себе за да се сруши еден криминализиран и насилен режим од власт. Деталите и хронологијата за тие „години на опасно живеење“ се добро познати.

Така беше тогаш.

А како да се карактеризира оваа сегашна кампања на опозицијата за дискредитација на Заев и на СДСМ?

Од удобните кожни фотелји во мермерната палата, на анонимни сајтови (во странство!) се објавуваат хаотични исечоци од телефонски разговори на кои не може да им се фати ни почеток ни крај, а лидерот на опозицијата пушта дискредитирани партиски функционери и портпароли да ја завршат „работата“ со толкувањата на снимките кои делуваат понеуверливо од експресните деманти по нив. На тоа под команда се надоврзуваат истата сурија медиумски канта-тропа шарлатани кои им ја сочинуваа онаа грозна долгогодишна медиумска глутница заради чија скапо платена недоветност и простотилак, делумно, и паднаа од власт. Тотална импровизација.

Од друга страна, Боки 13, кого до завчера немилосрдно го растргнуваа и го исмеваа по сите „шевови“ (од морални, до сексуални, заради што, без докази во 36 судски рочишта, и беше осуден на 9 години робија), од вчера им е најголемата надеж, „пандорината“ ѕвезда и љубов на „отпорот“! Високопарно се анализира неговата полу-изјава по пресудата (тоа да ти било „потрага по вистината“!), небаре Кисинџер проговорил за темната страна на војната во Виетнам. Па, што го дискредитиравте, бе, абдали едни, ако чекате тој да ве спасува?!

Ова надвикување така ќе си тера и во наредните дваесетина дена. Без апсолутно никаков ризик по оние кои ќе објавуваат компромати, освен еднодневниот сеир по социјалните мрежи (и телевизиски студија). Веројатно ќе чуеме и видиме сè и сешто, собирано по туѓ ум и пазарено со туѓи пари, но најголемиот скандал, по три недели, ќе се испостави дека е недостатокот од штогоде посериозна алтернатива на политиките на оваа власт. Која е далеку од совршена, а за опозицијата е, сепак, далеку од достижна.

 

The post Изборни петарди appeared first on Слободен печат.


Изборни петарди was first posted on јуни 23, 2020 at 9:26 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....