04:44 - 19 јули, 2026

Испрати ли Атиџе поздрав и поддршка до Ердоган?

Во репортажа за Атиџе Муратова, протагонистката на „Медена земја“, објавена на веб-страницата на англиски јазик на турската новинска агенција „Анадолу“ на 23 јануари годинава, при крајот на текстот, се вели дека Муратова испратила поздрави и искажала поддршка за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и дека побарала да се изгради џамија во селото Дорфулија, каде таа би требало да живее отсега, пренесе сајтот Мета.

Во репортажата на македонската верзија на „Анадолу“ (Анадолија), како што воочиле од Мета, тоа го нема.

Ако се погледне и видеото вметнато во текстот, не може никаде да се слушне дека таа упатува поздрави и искажува поддршка за Ердоган, ниту дека изрично бара да се изгради џамија.

Според тоа што може да се види, Атиџе не бара отворено да се направи џамија, туку тоа го искажува во друг дух, со прашална форма.

Повеќе прочитајте тука.

The post Испрати ли Атиџе поздрав и поддршка до Ердоган? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....