14.8 C
Скопје
10:46 - 26 април, 2024

Индија: Извлечени 60 преживеани од урнатата зграда во Махад (ВИДЕО)

Спасувачите извлекоа приближно 60 преживеани и телото на една жртва од урнатата зграда во индискиот град Махад, јужно од финансискиот центар Мумбаи, изјави денеска локален претставник.

Спасувачките екипи почнаа масовна акција за извлекување на преживеаните/ 25 Aвгуст 2020. Фото: EPA-EFE/NATIONAL DISASTER RESPONSE FORCE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Работниците се уште трагаат по повеќе од 20 лица, за кои има стравување дека се заробени под урнатините на петкатната зграда што се урна синоќа, изјави висок функционер, пренесуваат американските медиуми.

-Десетици спасувачи од Националните сили за помош при катастрофи ноќеска вадеа делови од урнатините за да можат да ги извлечат затрупаните станари, а тешко повредените да ги хоспитализираат, изјави тој.

Околу 60 лица се извлечени од урнатините на зградата во Махат/ 25 Aвгуст 2020. Фото: EPA-EFE/NATIONAL DISASTER RESPONSE FORCE HANDOUT NATIONAL DISASTER RESPONSE FORCE HAND OUT PHOTO HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Во зградата имало повеќе од 40 станови и надлежните допрва треба да ја утврдат причината за уривањето.

Индискиот министер за внатрешни работи Амит Шах изјави дека уривањето на зградата е трагично и оти „се моли за безбедноста на сите”.

Уривањата на згради во Индија се вообичаена појава за време на сезоната на монсуни од јуни до септември, кога водите од обилните дождови ги поткопуваат темелите на сиромашно изградените згради со слаб квалитет.

The post Индија: Извлечени 60 преживеани од урнатата зграда во Махад (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Индија: Извлечени 60 преживеани од урнатата зграда во Махад (ВИДЕО) was first posted on август 25, 2020 at 10:29 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....