20.8 C
Скопје
19:43 - 29 април, 2024

Има разни болести

Новиот коронавирус – на кој од добри причини светот сѐ уште не му дал некое страшно и егзотично име како ебола, САРС, ХИВ, МЕРС или зика, да не говорам за црна чума – легна во постела неколку илјади луѓе и во исто време крена на нозе милијарди.

Како муниција за медиумите дојде веста дека новата зараза е смртоносна, лесно се шири и за неа нема вакцина. Некои информираа, други спектакуларизираа, трети дезинформираа, а сите заедно побрзо од која било епидемија го заразија светот со паника од новата болест.

Во ситуација кога и со самото повикување на смиреност се крева уште поголема паника, најприсебно реагираа кинеските власти, кои не само што решија да ја применат најризичната мерка – да стават во строг карантин милионски градови со жители колку просечна европска земја, туку и во нив експресно да изградат нови болници, да го смират и контролираат традиционалниот сообраќаен новогодишен мравјалник од половина милијарда луѓе и, пред сѐ, да го успокојат населението во најризичните региони. Не можам ни да ја замислам паниката што би еруптирала ако, на пример, во карантин бидат ставени Лондон, Истанбул, Најроби или Делхи. Масакр.

Под огромен притисок од медиумите, Светската здравствена организација прогласи тревога поради опасност од глобална епидемија. Во исто време, и медиумите и научниците молчат за ширењето на друга опасна зараза, многу пострашна од онаа на сѐ уште безимениот вирус. Сезонскиот грип!

До вчера беа регистрирани близу 10 милиони луѓе заразени од коронавирусот. Од 213-те смртни случаи, огромното мнозинство се во Вухан, жариштето на епидемијата. Низ светот, потврдени се 98 случаи во 18 други земји, најчесто кај пациенти што биле во Вухан или во близок контакт со луѓе од овој град.

Од последици на сезонскиот грип, пак, во истиот период се заразиле повеќе од 15 милиони луѓе и починале повеќе од 8.200 – само во САД! Низ светот, обичниот грип убива по 650.000 луѓе секоја година.

Наспроти неспоредливоста на смртните случаи, инфектолозите објаснуваат дека вознемиреноста и паниката поради коронавирусот се нормални и оправдани, бидејќи за новиот вирус сѐ уште нема противмерки како вакцини, лекови, дијагностички тестирања и системи за следење. Иако за грипот има вакцини, малкумина ги ползуваат.

Тревогата од коронавирусот секако беше нужна за да се поттикнат низа механизми што би спречиле оваа зараза да се изедначи со грипот. Со вакцинирање на луѓето од ризични категории и во ризични региони, како и со поефикасни третмани и превентивни мерки секако ќе се намали стапката на смртност, која, патем, е значително помала во споредба со САРС, да не говориме за еболата.

Во Македонија барем засега нема потврдени случаи на безимениот коронавирус. За грипот не знаеме, а и не ни е многу грижа. Тој одамна е одомаќена болест што ќе нè спружи неколку денови во кревет и поминува со чајче и аспирин, сѐ до некоја нова мутација. Грип си е грип, а ако одиш на лекар, може само да се споболиш.

Затоа, пак, кај нас веќе ги има првите симптоми на друг заразен вирус, поопасен и посмртоносен и од оној безимениот и од грипот. За овој вирус нема вакцина, лекови и дијагностички тестирања.

Дебилната „претстава“ на навредување на туристи што поминале половина земјина топка за да го посетат нашиот град е многу повеќе од срам за сите скопјани и жители на Македонија. Тоа е јасен симптом на расизам, болест што зачудувачки лесно се шири преку секакви граници, го разјадува ткивото на заразениот организам и има катастрофални последици. Опасноста е смртно сериозна и нејзиното ширење мора да се спречи со кинеско строги мерки. Извинувањето не е доволно. Ксенофобијата, дискриминацијата, ширењето омраза и лажни вести мора решително јавно и гласно да се осудат, да се гонат согласно закони, за да се изолираат болните случаи во строг општествен карантин. Во спротивно, повеќе нема лек за нас.

The post Има разни болести appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....