12.8 C
Скопје
05:17 - 1 мај, 2024

И македонското знаме ја осветли статуата на Исус Христос Искупителот во Рио де Женеиро (ФОТО+ВИДЕО)

Најпознатата знаменитост во Бразил, статуата на Исус Христос Искупителот во Рио де Жаниеро беше осветлена во средата со знамиња и пораки за надеж во солидарност за државите кои се борат со пандемијата со новиот коронавирус Ковид-19.

На статуата се проектирани над 150 знамиња на држави низ светот кои се борат со коронавирусот / 18 март 2020 – Рио де Женеиро, Бразил / ФОТО: EPA-EFE/Antonio Lacerda

Статуата, која стои над Рио де Женеиро беше осветлена со знамињата на сите држави кои досега пријавиле случаи на коронавирусот. На фотографиите може да се забележи и македонското знаме.

И македонското знаме со знамињата на сите држави кои регистрирале случаи на Ковид – 19 / 18 март 2020 / ФОТО: EPA-EFE/ANTONIO LACERDA
Рио де Женеиро, Бразил / 18 март 2020 / ФОТО: EPA-EFE/ANTONIO LACERDA

И пораката #praytogether (превод: Да се молиме заедно) беше проектирана на стаутата на повеќе јазици.

Владиката на Рио де Женеиро, Орани Џао Темпеста одржа миса на знаменитоста и црквата ги поттикнува луѓето да се молат за болните низ светот.

Бразил регистрираше прв случај на коронвирус во државата на 26 февруари годинава, а денеска се пријавени вкупно 647 заразени лица и 7 смртни случаи. Во моментов е прогласена вонредна состојба, компаниите и фирмите апелираат да се работи од дома доколку е возможно, а сообраќајот, јавните настани и собири се откажани.

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 246.494 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 10.049, а оздравеле 88.485 лица.

 

 

The post И македонското знаме ја осветли статуата на Исус Христос Искупителот во Рио де Женеиро (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....