9.8 C
Скопје
05:45 - 4 мај, 2024

Пиварите преминуваат на производство на средства за дезинфекција на раце

Пиварите и дестилериите од Европа во своите погони сега произведуваат и средства за дезинфекција.

BrewDog, Leith Gin, Verdant Spirits i Pernod Ricard се вклучени во напорите за зголемување на производството на средства за миење раце кои во многу земји станаа реткост поради зголемената побарувачка, пишува Си-Ен-Ен.

И некои дестилерии во САД најавија дека ќе ги вложат своите напори во производство на средства за дезинфекција.

BrewDog на Твитер објави дека ќе започне со производство на средства за хигиена на рацете во својата пивара во Шкотска.

„Одлучни сме да напарвиме се што е во наша можност со цел да им помогнеме на што поголем број луѓе да останат на сигурно. Време е за чистење“, објавено е на Твитер профилот на компанијата.

Уште една шкотска компанија, Leith Gin, во вторникот се огласи со соопштение:

„Го сопревме производството на жестоки пијалоци и произведуваме силни санитарни средства за оние на кои им се најпотребни во нашата локална заедница“, напишаа од компанијата.

Дестилеријата апелираше и за донација на мали пластични шишиња кои ќе ги користи како амбалажа.

Verdant Spirits, дестилерија со седиште во во Данди во Шкотска, во вторникот се приклучи во напорите, објавувајќи повик за донација.

„Од нас се бара привремено да го смениме производството за да направиме средства за дезинфекција на раце за нашите локални здравствени работници“, велат од компанијата.

Во Франција, од компанијата Pernod Ricard, рекоа дека ќе донираат 70 илјади литри чист алкохол за производство на средства за чистење.  Компанијата соработува со лабораторијата Купер, главен доставувач на средства за дезинфекција на раце во аптеките во Франција, се наведува во соопштението од средата, пренесува Кликс.

Подружници на компанијата Pernod Ricard (PDRDF) во Шведска, Ирска, Шпанија и САД исто така ќе допринесат во локалните напори да се зголеми производството на средства за дезинфекција на раце, се наведува во соопштението.

The post Пиварите преминуваат на производство на средства за дезинфекција на раце appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....