30.4 C
Скопје
16:05 - 10 јули, 2026

Познатиот инвеститор Џим Роџерс предвидува: Доаѓа најлошата финансиска криза досега

Многу компании веќе имаат проблеми поради пандемијата на коронавирусот, а економската криза биде многу појасна дури во следните месеци.

Владите ширум светот се обидуваат да го запрат ширењето на коронавирусот кој ја предизвикува болеста Ковид-19, кој ја загрозува економијата на глобално ниво. Легендарниот амеиркански инвеститор Џим Роџерс веќе не го постатува прашањето дали финансиските последици од пандемијата ќе бидат големи, туку е сигурен дека не чека најголемата економска криза досега, пишува РТ, а пренесува порталот „Бизнис.ба“.

Според неговите зборови, многумина ќе ги почувствуваат последиците поради пандмијата, бидејќи тие ќе бидат воочливи многу долого откако ќе се запре и совлада вирусот.

– Веќе реков дека следниот финансиски проблем ќе биде најлош досега – вели Роџерс, истакнувајќи дека веќе сме на пат кон „финансиска криза која ќе ја искусиме за неколку месеци“.

Реакција на брокер на берзата во Њујорк, 16 март 2020 – САД – ФОТО: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Како што вели овој легендарен инвеститор, многу индустрии, како што се авионската и туристичката, ќе претрпат голема штета. Компаниите со големи долгови особено се загорзени, а посебно оние кои учествуваат во меѓународна трговија.

– Некои од нив ќе банкротираат – рече Роџерс, додавајќи дека авио и бродските компании веројатно ќе ги спасат државите, бидејќи секој други исход ќе биде „срамотен“.

Што се однесува на немирот на финансиските пазари, поголемиот дел од нив не биле подготвени за глобалната здравствена криза и не знаеле дека таа доаѓа. Сепак, причината за овој хаос, според зборовите на Роџерс, „не е само вирусот, туку многу повеќе од него“.

Бидејќи ситуацијата е несигурна, тој ги советува инвеститорите да ги вложуваат своите пари „само во за што се многу запознаени“.

The post Познатиот инвеститор Џим Роџерс предвидува: Доаѓа најлошата финансиска криза досега appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....