08:24 - 12 јули, 2026

Фотографија од Ким Џонг-Ун во стаклен ковчег се шири на социјалните мрежи

По разните шпекулации за здравствената состојба на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун, кои отидоа дотаму и дека Ким починал по операција на срцето, на социјалните мрежи почна да се шири фотографија на која тој е прикажан починат во стаклен ковчег. Фотографијата првично се појавила на кинеската социјална мрежа Веибо.

Нема информации дали фотографијата е автентична, или пак, станува збор за фотошоп.

Дел од таблоидните медиуми, веќе пишуваа за смртта на Ким Џонг Ун. „Дејли меил“, повикувајќи се нa гласини од кинески медиуми, пишува дека Ким Џонг-ун веќе починал. И тој, но и други онлајн медиуми, паралено ја пренесуваат и веста од јапонски медиуми дека севернокорејскиот лидер е во „вегетативна состојба“.

Севернокорејските медиуми, пак, кои се под строга државна контрола, засега молчат.

А информација за здравствената состојба не може да се најде ниту во медиумите како што се „Би-би-си“, „Гардијан“, „Ројтерс“…

Од Пјонгјанг се уште нема официјална информација за здравствената состојба на Ким Џонг-Ун.

The post Фотографија од Ким Џонг-Ун во стаклен ковчег се шири на социјалните мрежи appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....