22.8 C
Скопје
16:04 - 2 мај, 2024

Фото робот за Премиeр Албанец

Се бара Премир Албанец – со фото робот!

Ова може да се заклучи од билбордот на кој покрај ликовите на Заев и Мицковски стои „празен лик“ кој треба да го исполни „некој“ што ќе биде Премиер, ама Албанец. Не пишува конкретно каков треба да изгледа, веројатно затоа што тоа и не е битно. Важно да е Албанец, сто посто. И да е од ДУИ зашто само таму се „вистинските“ Албанци. На друго место изгледа ги нема. А Албанците на ДУИ се секогаш на „вистинското место“ – на позиции во власта.
Овој „фото робот“ што го симболизира идниот ДУИ Албанец- Премиер не треба да има ниту програма со која ќе настапи на претстојните избори, -ДУИ ја има за него.
Засега не е познато колку кандидати се јавиле за местото Премир- Албанец, затоа што веројатно не се познати ниту критериумите за таа функција. Но ИТ експертите на ДУИ веќе ги исцртуваат контурите на Премиерот фото робот и се очекува наскоро да ги соопштат физичките карактеристики на кандидатот.
Кога Албанците поминуваат покрај овој билборд го гледаат „својот“ кандидат и си велат Pse jo-„зошто не“!, па нашиот е поубав. Ако не друго, не можеш некоја мана да му најдеш, како на другите на пример. Поубав е зашто секој може да си го замисли според својата потреба и имагинација. Според тоа кој знае какво разочарување ќе имаат сите тие кога во стварноста ќе се појави некој друг лик, кого тие ни во сон не го замислиле.
Тоа е опасен ризик за ДУИ зашто така ќе им пропадне идејата. Па подобро уште сега нека го кажат својот кандидат за народот да нема илузии. Или воопшто нека не го кажуваат и нека остават на имагинацијата на граѓаните. И на Албанците, но и на Македонците, зашто од ДУИ очекуваат тој да има подршка и од нив. Па затоа дури и ако победи тој не мора да се појавува во јавноста, нека биде колективна замисла на сите нас – Премиер Албанец.
Ех ДУИ, ДУИ, не е проблемот дали Албанец може да биде Премиер, секако дека во демократија се е можно, но начинот на кој тоа вие го правите ја карикира и дерогира целата легална и легитимна процедура, а е навредлива за секој Албанец кој можеби и заслужува да биде Премиер. Граѓаните Албанци и Македонци кои ги повикувате да се сообразат со овој голем сон на Али Ахмети треба да знаат кого бираат, и заради што го бираат. Со каква платформа ќе ги убеди дека им нуди поквалитетн живот и на едните и на другите за да му ја дадат довербата, по што тој ќе може да собере мнозинство за да формира Влада.
Вашиот Премиер сакате да го октроирате низ партиски алаш вереш, со уцени и затоа не ви е битно кој и каков ќе биде, важно вам да ви служи. Вие уште во старт го омаловаживте и како лик и како функција. Затоа за вас е само празен лик, или фото робот. Јадица без мамка. Блинкер, кого фати-фати.
За разлика од вас, сите други Албанци храбро со својот лик и дело учествуваа во трката за Престседател на државава иако можеби однапред знаеја дека немаат многу шанси. Некои дури и ја антиципираа можноста тоа и да се случи во догледно време.
Но тие сепак останаа личности со кредибилитет.

The post Фото робот за Премиeр Албанец appeared first on Слободен печат.


Фото робот за Премиeр Албанец was first posted on јуни 16, 2020 at 7:58 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....