-1.2 C
Скопје
04:03 - 19 декември, 2024

Ерсој од ТАВ Македонија: Опоравувањето од оваа криза би било бавно и потребни се неколку години за да се вратиме на бројот на патници од 2019 (ВИДЕО)

Од 1 јули започнуваме со работа со нови протоколи со цел да ги заштитиме нашите патници и сите да се заштитиме од ширење на вирусот. Во суштина протоколите остануваат, но ќе има нови мерки кои ќе започнат да се имплементираат од 1 јули и истите ќе бидат имплементирани уште пред влезот на зградата. Сите патници уште пред да влезат во терминалната зграда ќе мора да ја стават маската и да ја носат цело време, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Алпер Ерсој директор на ТАВ Македонија.

-Ќе поминаат низ патоснисници за дезинфекција на обувките, дезинфекција на рацете и ќе преминат на термалните камери каде ќе им биде измерена телесната температура. Насекаде низ аеродромаската зграда имаме поставено стикери кои ги потсетуваат патниците да се придржуваат кон мерките за заштита од вирусот. Засилено е и чистењето и дезинфекцијата на аеродромот и аеродромската зграда. Има поставено и стаклени бариери со цел да се заштитат вработените и патниците. Насекаде каде што има редици за чекање има стикери за држење на дистанца – вели Ерсој.

-Од самиот почеток на пандемијата ние сме во постојана комуникација со Комисијата за заразни болести, особено со министерството за здравство и ги следиме сите препораки и мерки кои се применливи во нашата работа. Сите наши протоколи се во согласност со препораките. Еден од нашите доктори е и член на Комисијата за заразни болести и сите протоколи ги подготвуваме во согласност со нив и со сите меѓународни институции. Она што е најважно за нас е постојано да носиме маска, да одржуваме дистанца, со цел да спречиме понатамошно ширење на вирусот – посочи директорот на ТАВ Македонија.

-Во последните две децении имаше кризи што на некој начин влијаеа на авио-индустријата, но за прв пат се соочуваме за криза која толку негативно ќе влијае врз авиоиндустријата во целост. Според калкулациите загубите во авиоиндустријата на светско ниво би биле околу 100.000.000.000 евра. Истото се однесува и на ТАВ Македонија. Ние имаме огромни загуби со тоа што трошоците остануваат тековни. Поради сите рестрикции за патување и психолошкиот аспект од КОВИД-19, очекуваме дека опоравувањето од оваа криза би било бавно и потребни се неколку години за да се вратиме на бројот на патници од 2019, изјави Ерсој.

The post Ерсој од ТАВ Македонија: Опоравувањето од оваа криза би било бавно и потребни се неколку години за да се вратиме на бројот на патници од 2019 (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Ерсој од ТАВ Македонија: Опоравувањето од оваа криза би било бавно и потребни се неколку години за да се вратиме на бројот на патници од 2019 (ВИДЕО) was first posted on јуни 26, 2020 at 10:28 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....