13.8 C
Скопје
16:44 - 19 април, 2024

Д-р Караџовски: Не е тајна, бев официр – лично сум секогаш за построги мерки, кој го загрозува нашето здравје да одговара!

Д-р Жарко Караџовски кој е претседател на Комисијата за заразни болести уште еднаш апелираше до граѓаните да ги почитуваат пропишаните мерки за заштита од коронавирусот. Тој се заложи за построги казни за прекршување на прописот за задолжително носење на маски: 

– Ова е заедничка работа луѓе, не можеме ние сами ништо да направиме! Пет министри да се соберат овде и десет инфектолози, епидемиолози, џабе ни е, ако никој не се слуша од кривината надолу. Секој си тера по свое. Јас барам строги рестриктивни мерки во делот на казнување. Само на тој начин ние ќе може да опстоиме дека некој некој ќе се осети дека не треба да прави одредени манифестации со кои што го ремети и своето, меѓутоа и колективното здравје. Никој нема право да го загрозува моето здравје, здравјето на мојата фамилија и вашето здравје. Тој што го загрозува тоа треба да одговара. И ако мене ме прашувате лично, не зборувам како Комисија, како Министерот што е тука, јас сум лично секогаш за построги мерки. Таму каде што сум работел некогаш, пред 30 години, веднаш ќе ви кажам бев официр, не е никаква тајна, тие што ме знаат, ме знаат. Треба постоги казни, поголеми рестрикции. Казнувањето од ситни пари за мене не е ништо посебно, рече д-р Жарко Караџовски.

Тој со построг тон им се обрати и на новинарите кои ја следеа неговата прес конференција заедно со Министерот за здравство Венко Филипче.

– Да видам еден од вас да нема маска, јас ќе му подвикнам. Не дошол овде на туристичко патување, овде би го загрозил своето здравје и здравјето на сите вас!, дециден е д-р Караџовски.

ВИДЕО | Д-р Kараџовски револтиран: Ние не сме мафијаши, не дозволувам влакно да и фали на Комисијата, чисти сме како солза!

ВИДЕО | Д-р Караџовски: Здравствениот систем функционира, тестови има, лаборанти има, работиме по 16 часа

The post Д-р Караџовски: Не е тајна, бев официр – лично сум секогаш за построги мерки, кој го загрозува нашето здравје да одговара! appeared first on Слободен печат.


Д-р Караџовски: Не е тајна, бев официр – лично сум секогаш за построги мерки, кој го загрозува нашето здравје да одговара! was first posted on октомври 26, 2020 at 2:31 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....