10.8 C
Скопје
09:21 - 26 април, 2024

Се дезинфицираат игралиштата за да не запре детската игра

Детските игралишта, кои важеа за главни свратилишта на сите деца, од ден на ден сѐ повеќе се празнат. Стравот од заразување со коронавирус, ја сведе на минимум дружбата помеѓу дечињата. Иако во деновите кога времето беше топло, бројот на деца што си играа на игралиштата беше поголем, сега, за жал, поради сѐ поголемиот број заразени, малкумина родителите им дозволуваат на децата да се забавуваат на јавен простор.

Оние похрабрите, пак, кои сметаат дека детската игра во никој случај не смее да запре и покрај опасноста од ковид-19, стравуваат дали редовно се одржува хигиената на местата каде што си играат децата.

Сепак, од скопските општини смируваат и велат дека стравот не смее да доминира, бидејќи тие како надлежни постојано работат на подобрување на хигиената на овие јавни простори. Од повеќето скопски општини тврдат дека и по неколкупати неделно ги дезинфицираат и темелно ги чистат детските игралишта, поради можноста децата да се заразат.

– Општина Кисела Вода еднаш до трипати во седмицата врши дезинфекција на детските игралишта. Но, на оние игралишта на кои има поголема фреквенција на дечиња, општината трипати во седмицата врши дезинфекција – информираат од оваа скопска општина.

И од Општина Карпош тврдат дека максимално се грижат за хигиената на ваквите места.

– Од март наваму, секоја недела се дезинфицираат сите постојни 58 детски игралишта (вклучително и новите инклузивни игралишта  во Влае и во Карпош 2) како и сите спортски терени низ Карпош. Притоа се дезинфицираа сите реквизити: лулашки, лизгалки, вртелешки и сл. Само за овие детски игралишта кои се достапни за сите граѓани за дезинфекција беа потрошени околу 250.000 денари – велат од Општината. Карпош.

Од Општина Аеродром велат дека од почетокот на пандемијата, службите на општината во повеќе наврати извршиле дезинфекција на јавните површини и објектите на нејзина територија.

– Се спроведува чистење и дезинфекција на детската улица „Тоше Проески“, патеките, просторот меѓу зградите во Ново Лисиче, јавната површина зад „Три бисери“ и спортските игралишта. Исто така, се дезинфицираа сите објекти во основните училишта и во градинките на територијата на општината, влезовите на зградите, како и дезинфекција на домот за стари лица „Аеродром“. Редовна дезинфекција е извршена и на сите детски и спортски игралишта, контејнерите, кантите за отпадоци, како и целокупната урбана опрема, како дел од мерките што се преземаат за заштита и превенција од ковид-19 – велат оттаму.

The post Се дезинфицираат игралиштата за да не запре детската игра appeared first on Слободен печат.


Се дезинфицираат игралиштата за да не запре детската игра was first posted on октомври 26, 2020 at 3:08 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....