33.3 C
Скопје
13:29 - 8 јули, 2026

„Билд”: Американски лекар користејќи комбинација на лекови нема смртен случај од Ковид-19

Американски лекар кој лекува пациенти заразени со Ковид-19 во Монро веќе три недели е многу успешен во ова и нема смртни случаи, бидејќи користи комбинација на повеќе лекови, пренесува германскиот весник „Билд”.

Станува збор за доктор, Владимир Зев Зеленко, кој се грижи за околу 1.000 заразени лица, од кои никој не починал, а само три лица морале да одат на респиратор.

Зеленко користи третман со неколку лекови во третманот, пренесува „Билд”.

„Ги разгледав податоците од Јужна Кореја и Франција и така дојдов до комбинација на лекови”, објасни тој за германскиот весник.

Неговиот рецепт е микс од лекови, претставен со отворено писмо, на кое реагираше претседателот Доналд Трамп.

Според неговиот метод на лекување, пет дена пациентите користат лекови со хидроксихлорохин, заедно со азитромицин и цинк сулфат.

Проблемот е во тоа што ефикасноста и несаканите ефекти на оваа комбинација не се опфатени со студијата.

„Пациентите немаат треска, проблеми со срцето или други несакани ефекти. Тие само зборуваат за слаба дијареја”, рече Зеленко за „Билд”.Амд

The post „Билд”: Американски лекар користејќи комбинација на лекови нема смртен случај од Ковид-19 appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....