Австралиските научници почнаа да тестираат две потенцијални вакцини против коронавирус. Една вакцина направиле експертите од Универзитетот Оксфорд, а втората амекриканската компанија Inovio Pharmaceutical. Светската здравстевна организација го одобрила тестирањето на двете вакцини на животни, но научниците сметаат дека брзо ќе почнат и со клинички тестирања на луѓето.
Австралиската Организација за заедничко научно и индустриско истражување (ЦСИРО) тврди дека се работи за прво сеопфатно клиничко тестирање на вакцина за ковид-19 на животни, без прескокнување на таа важна фаза, пишува Би-Би-Си.
Научниците од ЦСИРО веќе неколку дена тестираат вакцина на феретки, подвид на европски твор, кои некои луѓе ги чуваат и како куќни миленичиња.
Двете вакцини различно делуваат
Една од вакцините која се тестира ја развил Универзитетот Оксфорд. Таа вакцина (ChAdOx1 nCoV-19) користи „неисправен“ вирус како би се вовеле протеини на коронавирусот во имунолошкиот систем и да се предизвика реакција. Втората вакцина, онаа на компанијата Inovio Pharmaceutical функционира на поинаков начин – кодира одредени протеини на коронавирусот поттикнувајќи ги ќелиите на телото да создава протеини пред имунолошкиот систем да реагира на нив.
„Многу е важно да се користи повеќенаменски пристап. Тоа ни дава најдобри шанси за успех“, изјави Тревор Дру, директор на австралиската лабораторија за здравјето на животните во Викторија, каде с еспроведуваат испитувањата.
The post Австралиски научници почнаа да тестираат вакцина за коронавирус, од дозите даваат на творови appeared first on Слободен печат.