17.6 C
Скопје
03:15 - 9 јули, 2026

(АНКЕТА) Граѓаните се жалат: За пасош ми велат дека треба да чекам два месеца

Деновиве во јавноста е многу актуелна темата околу вадењето на лични документи, особено пасоши. Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев информира дека на располагање имаат 3.400 пасоши кои ќе се издаваат само на итни случаи се до 24 март кога очекуваат да пристигнат 100.000 нови обрасци за пасоши.

„Слободен печат“ денеска ги праша граѓаните дали и какви проблеми имаат при вадењето на личните документи.

– Треба да извадам пасош, лична карта и возачка и имам проблеми, затоа што не можам да ги добијам. Се имам фотографирано на 17 овој месец, но ми велат дека треба да ги чекам два месеци. Ми велат дека личната карта ќе ја добијам побрзо, но не и пасошот – вели една револтирана граѓанка.

Друга наша соговорничка ни кажа дека има закажано термин по редовна постапка за месец и половина за вадење на патна исправа за која и рекле дека ќе ѝ биде готова за 15 работни дена. Исто така ни рече дека се надева дека ќе биде решен актуелниот проблем и дека ќе го добие пасошот.

Поднесувањето на потребните документи за лична карта и возачка дозвола, според граѓаните, се одвива нормално.

– Поднесов за лична карта и за возачка. Слушнав од медиумите дека имало некакви проблеми, но се надевам дека нема да имам никаков проблем при вадењето – ни изјави нашата соговорничка.

Погледнете ја целата анкета која ја направи „Слободен печат“.

The post (АНКЕТА) Граѓаните се жалат: За пасош ми велат дека треба да чекам два месеца appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....